31.05.2022

Дали сте ги посетиле селото Вратница и чорбаџискиот ан?

Дали сте ги посетиле селото Вратница и чорбаџискиот ан?

Дали некогаш сте слушнале за село Вратница или можеби досега сте го посетиле? За оние кои досега не слушнале за ова селце, драго ни е да ве информираме дека за првпат во нашата база додаваме една прекрасна гастрономска дестинација која треба да биде дел од вашата летна агенда.


Вратница е село оддалечено 22 километри од градот Тетово, кон граничниот премин Јажинце. Ова село можеме да кажеме дека доста добро живее од туризмот, а со особен акцент на планинскиот и активен туризам. Но, овде се и гастрономските искуства низ кои треба да поминете.

Над самото село се извишува прекрасниотпланински врв Љуботен, кој е вистински предизвик за секој планинар. Самото село има прекрасни природни убавини, тука е Вратничката рекла која поминува низ самото село и го гради големиот кањон кој претставува еден од многубројните атракции во селото.


Овде се наоѓа и етно куќата „Чорбаџиски Ан“ која е стационирана на надморска висина од околу 720 метри. До овој угостителски објект може да пристигнете со секаков вид на моторно возило, вклучувајќи и комби возила и автобус.

Етно ресторанот постои веќе 2 години, ја пребродува пандемијата и продолжува да ја гради својата традиционална приказна која изобилува со македонска храна. Она што тимот на Кајак.мк успеа да го дознае е фактот дека во склоп на ресторанот наскоро ќе бидат достапни и апартмани за сместување.


Објектот е изграден далечната 1937 година, како стамбена куќа, кој е подоцна адаптиран за ресторан, меѓутоа е задржана основата и старата архитектура.

Препознатливи е по вкусната, домашна храна. Овде се подготвуваат домашни јадења, скара, печења во фурна на дрва, а гостите најчесто ги бараат полнетата чорбаџиска плескавица и реброто печено во фурна на дрва. Исто така сармите со зелка или лозов лист и тавче гравче се специјалитети по кои гостите го препознаваат овој угостителски објект. Во понудата може да се најдат и домашни ракии од дуња, кајсија, јаболка, како и одлична лозова мускатна ракија, домашни пити и зелници.


Домаќините кои ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк велат дека впечатоците се скоро секогаш првенствено за архитектонското уредување, но и за вкусната храна по која гостите ги препознаваат. Не се исклчува ниту мирот и чистиот воздух кој го нуди овој крај.

Доколку сакате контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.