24.06.2020

Убавините на Македонија преку објективот на Евгениј Хоуп

Убавините на Македонија преку објективот на Евгениј Хоуп

Под псевдонимот на писателот Евгениј Хоуп се крие Милош Димковски од Куманово кој е инспирација на многу млади луѓе во Македонија. Писател, автостопер, фотограф – со сигурност сте налетале на неговиот профил на Instagram.


Еден викенд со друштво тркнавме до Охрид. Онака на ден-два. Никој немаше претстава дека ќе се појави корона. Решив да го посетам Заливот на коските, бидејќи никој не сакаше да ми прави друштво, тргнав сам. И така сум навикнат на самотнички екскурзии. Баш тие денови ја читав „Валден“ од Хенри Дејвид Торо кога налетав на овој галеб. Молкум го набљудував и наеднаш се сетив на една реченица од книгата. Како однатре да ја почувствував. Торо вели дека никогаш во животот не пронашол толку дружељубив сопатник како самотијата.
Си потврдив себеси. Климнав со главата и решив да не реметам туѓа самотија, макар на птица. Во такви моменти се создаваат најдобри дела. Барем кај нас, луѓето.
 — at Bay of Bones, Ohrid.


Вчера се сетив на една интересна ситуација од пред две години и решив повторно да ја споделам. Беше средина на јуни кога решив да стопирам до Дојран и ме качи еден пар кој со нивното комбе од Финска патуваат за Кенија. Добро се размуабетивме. Посебно ме фасцинираше нивниот личен проект на кој беа посветени. Се трудеа да ги освестат луѓето за тешката ситуацијата на деца во Кенија, а посебно внимание свртуваат на злоупотребуваните девојчиња. Начнавме секакви теми и се пофалија дека редовно посетуваат музички фестивали низ светот. Примамени од фестивалската култура сакаат да посетат слични настани во колку што е можно повеќе држави. И јас го сакам истото, ама летово некако тешко дека ќе се оствари тоа. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите! 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.