10.09.2020

Доаѓа есен, а ова е идеално место за одмор во Велестово

Доаѓа есен, а ова е идеално место за одмор во Велестово

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, југоисточно од градот Охрид, на оддалеченост од 7 километри и припаѓа на неговата рурбална зона. Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.


Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 1.000 метри. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод.


Селото има два дела, поделено на Горно или Старо Велестово на височина од околу 1.000 метри и Долно или Ново Велестово, во долината Рача. Ново Велестово е основано по Втората светска војна од доселеници од Старо Велестово. Порано, во месноста Рача се наоѓале селските лозја. Растојанието помеѓу двата дела изнесува 2 километри.

Денес, Рача (Ново Велестово) претставува охридска населба, целосно одвоена од селото.

Од Охрид, селото Велестово е поврзано со асфалтиран пат.


Туристичкиот сервер Кајак.мк ви ја препорачува вилата на Билјана која во моментот е достапна на AirBnb за резервација. Овој сместувачки капацитет е идеален за љубителите на антивниот одмор кој вклучува планинарење, планински велосипедизам, параглајдерство, долги прошетки и разгледувања. 


Што треба да посетите во и околу Велестово:

Археолошки наоѓалишта
  • Богородица Пречиста — средновековна црква и некропола;
  • Велестово — депо на монети;
  • Кромидишта — средновековна црква и некропола;
  • Рача — населба од доцноантичко време и средновековна некропола;
  • Селиште — средновековна црква и некропола; и
  • Стара Рача — средновековна црква.
Цркви
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, од XIV век;
  • Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — најнова селска црква; и
  • Црква „Св. Троица“ — главна манастирска црква, изградена во 1986 година.
Манастири
  • Велестовски манастир — понов манастир пред селото
Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“
Спомен-плочи
  • Спомен-плоча на селската чешма за НОБ

Извор: Википедија, АirBnb

ПАТУВАЈТЕ НА МОРЕ БЕЗ PCR ТЕСТ! ПОВЕЌЕ ИНФО НА: 076 791 157


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.