07.12.2020

Имам 22 години и преку фитнес активности промовирам туризам во Македонија

Имам 22 години и преку фитнес активности промовирам туризам во Македонија

Тимот на Кајак.мк ве запознава со Димитар Макрески. Уште една личност која ќе игра клучна улога во трансформирањето на туризмот во 2021-ва.

Димитар има 22 години и на доста специфичен начин ги преставува дивините на Македонија. На својот инста профил @outdoorharmony.mk ќе најдете доста предлог места во природата каде може да бидете физички активни.

Димитар вели дека секој слободен ден го користи за рекреирање во природа. Тоа му помага за општа благосостојба, духовно обновување и секако да уживате во недопрената природа. 

Има посетено премногу локации, а голем дел од нив може да ги погледнете на инстаграм профилот. Негови омилени локации се:

- Планинарски дом Чеплес и врвот Солунска Глава, кога станува збор за планинарење. Бидејќи како што вели, планинарскиот дом Чеплес има широко отворен простор каде можете и да кампувате и да земете здив пред да го искачите врвот „Солунска глава“.


- Кога станува збор за кампување тој издвојува две места и тоа:
Ротинско езеро кое има прекрасен поглед и огромно место за поставување на шатори за кампување.
Второто место се дивите плажи во Љубаниште. Додава дека за љубителите на кампувањето на плажа ова е идеално место.

Со ова тој сака да ги поттикнеме луѓето во нашата држава да бидат што е можно повеќе активни и да го прават тоа со авантуристички дух и желба да истражуваат нови места, да уживаат во нови возбудливи активности и да ја запознаат нашата земја со сите нејзини природни убавини.

За 2021-вата тој има намера да собере што е можно повеќе љубители на овој вид рекреативен спорт, да се дружат што е можно повеќе па и да организираат еден вид на Фитнес камп, каде што луѓето ќе бидат физички активни и ќе научат повеќе работи за планинарењето, кампувањето, вежвањето, исхраната и ред други работи. 

Димитар во моментот го поддржуваат најблиските од друштвото кои исто така имаат авантуристички дух. Тој цел живот се занимава со спорт, почнувајќи од фудбал, до планинарење, кампување, пливање и т.н. Пред неколку месеци се здобива со ИФББ Мастер Фитнес и Бодибилдинг лиценца, од каде и потекнува идејата да ја искористи лиценцата и неговото предходно знаење и искуство за надворешна рекреација.


Ваквите активности во природа имаат две позитивни страни. Едната страна е корисниот ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, а од друга страна пак се запознавате со најдобрите дестинации во државата.


Тимот на Кајак.мк ја сака и вашата приказна. Дали имате нешто да споделите со нас преку кое ќе ги промовираме сите убавини на државата, на храната, интересните домашни активности, приказни или ред други работи? Контактирајте не на: 076 791 157


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.