23.09.2020
Уште една луксузна вила на Тиквешко Езеро достапна за резервации
Уште една луксузна вила на Тиквешко Езеро достапна за резервации
Кајак.мк ве запознава со вилата TIKVESH LAKE која е со феноменален поглед кон езерото, а има „инфинити“ базен каде може да ги помнинете последните сочневи денови во месец септември. Вилата се наоѓа на 12 километри југозападно од Кавадарци, а на само три километри јужно од селото Возарци.

Ова е една од најпродаваните вили во Кавадарци, со оценка на Booking од 9.8 за локацијата. Таа располага со приватен базен, простран двор, градина, приватна плажа на езерото и WiFi.

Апартманите се опремени со спална соба, ТВ со кабловска, опремена кујна со фрижидер и фурна, машина за перење и бања со туш. Паркингот е бесплатен.

Информации и резервации на телефонскиот број: 071 206 270
Што би правеле таму? Кајак.мк ви пренесува неколку совети:

macedonia-timeless.com
Туристички знаменитости
Еден од драгоцените украси на бреговите на Тиквешко Езеро со културно-историска вредност е Полошкиот манастир со црквата посветена на свети Ѓорѓи. Значаен споменик на културата од XIV век богато украсен со фрески. За него се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу сличен со охридските црковни градби. Езерското крајбрежје е и популарна дестинација за одмор и рекреација и по некое фрлање трска, на кое се изградени голем број викендицчки.
macedonia-timeless.com
Културно-историски споменици на просторот на Тиквешко Езеро
На просторот на Тиквешко Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и културно-историски споменици, кои сеуште не се истражени. Тие преставуваат културно-историски богатства во нашата држава. Во поновиот период, односно од Втората светска војна истотака има места кои одиграле заначјни улоги во НОБ. Од античкиот период на овој простор се откриени повеќе локалитети како например Римските гробишта кај с.Клиново и населба Црквиште. Значајни локалитети од средновековниот период познати се: населбата Тиквеш, пештарската црква "св.Лазара" (во близина на вливот на реката Каменица во Тиквешко Езеро). Како и Полошки манастир "св.Ѓорѓи" (споменик од 19век), и пештарската црква "св.Марко" (во близина на с.Драдња).
Извор: macedonia-timeless.com
ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА МОМАКОТ КОЈ СЕ ИСЕЛИ ОД СКОПЈЕ ЗА ДА ПАСЕ КОЗИ И ПРОИЗВЕДУВА СВОЕ СИРЕЊЕ И МЛЕКО? НИЕ ГО ИНТЕРВЈУИРАВМЕ! НЕГОВАТА ПРИКАЗНА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ СО ЕДЕН КЛИК |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола
Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.