26.10.2020

Побрзајте, на Галичник имаат есен!

Побрзајте, на Галичник имаат есен!

Кајак ве води низ есенските планински шаренила. Замислете да сте на велосипед по некој планински пат, а од вашата лева и десна страна да ве следат жолта, портокалова, темно црвена и надежна зелена боја?

Запознајте ја Катерина која ги овековечува убавините на нашата земја. Таа воедно и ги советува туристите за тоа кој период е најсоодветен за одредена туристичка дестинација. За месец октомври и ноември нејзина препорака е Галичник. Особено за љубителите на добрата фотографија како што е таа, но и за патниците- уметници во душа. На својот инста профил @topuzovska таа  на својот инста профил @topuzovska го раскжува Галичник кој е убав во октомври. Како што ни објасува, чекала убав ден на крајот од месецов знаејќи дека шумата ќе биде во боите на есента и идеална за фотографирање.

Нејзината фото тура која ја препорачува на сите е со старна точка од Царевец, место кое е на патот накај Галичник, а од каде се гледа и Мавровското езеро,а надоле има убав поглед кон стариот пат.

Со пристигнувањето во Галичник се качувате малку погоре (доколку не е врнежливо не сте обврзани да се движете по асфалтниот пат).

Од горе убаво се гледа целото село и ако е убав денот боите се гледаат преубаво. Секако покрај главната црква во средина на селото убаво е да се види и малата црквичка Св. Петка (таа се наоѓа на патот за накај ресторанот Неда).

Секако ручек во Неда со убав поглед. Ако сакате друг стил на слики од Галичник има преубави места после Неда, на патот накај селото Јанче каде што одлево се гледа Галичник а десно се другите села што се наоѓаат под врвот Крчин.


Сакате уникатно сместување на Галичник?

Хотелот Тутто ја има една од најдобрите локации во Македонија




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.