07.12.2020

На Пониква во моментов вее снег!

На Пониква во моментов вее снег!

Снежна бела покривна е формирана на Пониква. Фотографиите се направени од „Осоговски Конак“ место во кое можете да престојувате и да уживате во снежната покривка.

На ова планина се наоѓа и еден од помалите ски центри во државата. Кој има на располагање две стази.
Стазата 1 е наменета за почетници и е во групата на кратко лесни патеки. Должината на стазата е 300 метри и целата патека е осветлена со рефлектори, секогаш спремна за ноќно скијање. Капацитетот на лифтот е 18 сидра и истите стигнуваат до врвот за рок ок 2минути.
По должината на патеката се поставени топови за вештачки снег кои го надополнуваат количеството на снег кога е потребно. На почетокот на патеката има сервис за скии каде што можете да си изнајмете скии по цена од околу 300 денари. Целодневната ски карта изнесува 500денари, а за викенд истата изнесува 800денари.

Стаза 3 е наменета за понапредни скијачи и се вбројува во групата на средно/тешки патеки. Таа е долга 700 метри, а првите 200 метри се доста стрмни и тешко ги совладуваат не толку искусните скијачи. На лифтот има 24 дупли сидра и за 2минути и 30секунди пренесува 48 луге до врвот на патеката. Целата стаза е опремена со рефлектори за ноќно скијање и топови за вештачки снег. На патеката секоја година се одржува познатиот Осогосвски Слалом.

Дали сакате да престојувате на Пониква. Кајак има база со приватни сместувања. За да ги погледнете сите кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.