05.05.2021
Уникатно скривалиште на брегот на Преспанско Езеро
Уникатно скривалиште на брегот на Преспанско Езеро
Од Пониква патуваме на Преспанско езеро каде ја запознаваме домаќинката Румјана, чие уникатно сместување „Апартмани Galaxy“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Румјана вели дека нејзиното сместување е идеално за млади брачни парови и семејства со мали деца кои бараат тивки и мирни локации за престој.

Апартманите „Galaxy“
се наоѓаат на 100 метри од плажата, со прекрасен поглед кон зелениот двор.
Во склоп на апартманите има и ресторан кој се наоѓа непосредно до брегот на езерото, а кое ви нуди одлично уживање за време на вашиот доручек, ручек, вечера или додека го пиете вашето утринско кафе. Ова е одлична прилика за луѓето кои немаат намера да подготвуваат оброци додека се на одмор. Туку едноставно сакаат уживање.

Наш совет е да дегустирате преспански крап во фурна кој е специјалитет на ова поднебје и секако да се насладите со десерти кои се подоготвуваат од локалното овошје.
Домот на Румјана има огромен зелен двор, опкружен со дрва и шаренило. Плажата е скоцкана и чиста, бидејќи како што вели тој, хигиената му е слаба страна и постојано внимава да нема никаков отпад околу неа. Пред почетокот на пандемијата, Румјана има организирано забави на плажа. Сигурно на повеќето од вас кои го читате во моментот четивото ви недостасува коктел, плажа и зајдисонце, зарем не?

Таа вели
дека „White Sensation“
забавите придонесуваат Преспанското Езеро да биде рамо до рамо со светските
туристички дестинации.
Покрај тоа што забавите денеска се ограничени, во склоп на Galaxy може да се организираат приватни фамилијарни и семејни прослави, семинари, спортски активности, тим билдинзи и можеби модерни венчавки на зајдисонце?
Румјана вели дека доколку се нуди квалитетна услуга како што ја имаат тие на сезоната и би немало крај. Во текот на есенските и зимски денови, дел од туристите се одлучуваат да резервираат подолг престој овде, како би можеле да работат он-лајн од својот лап топ и да уживаат пешачејќи покрај езерото.


Наш совет е да го
посетите и националниот парк Галичица, каде може да возите велосипед или пак да
собирате шумски чаеви за дома.
Апартманите се идеално сместување за луѓе кои бараат
мир и тишина и секако добри зајсидонјца. Повеќе информации за нив можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.