09.08.2020
Дрвениот мост на село Кожле: Атракција за сите љубители на добрата фотографија
Дрвениот мост на село Кожле: Атракција за сите љубители на добрата фотографија
Кожле се наоѓа во областа Блатија на десниот брег на реката Пчиња. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асвалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.

Доколку Indiana Jones се снимаше во Македонија, пишува Марко Џамбазоски (insta: @markodzambazoski) адреналинскиот мост во селото Кожле би била неизбежна снимачка локација. За да го преминете овој висечки мост потребно е малку повеќе храброст и стабилен чекор, бидејќи се ниша и крцка на секое движење.

Познат е и како Стојанов мост, именуван по жителот на селото кој го изградил, меѓутоа на дел од мештаните не им беше драго што им го спомнавме ова име, па ни кажаа дека мостот е заеднички изграден од неколку фамилии кои живеат во селото и токму името на мостот било причина за расипување на односите помеѓу овие фамилии.
Како и да е, овој мост, опкружен со недопрена природа, нуди уникатно и несекојдневно доживување и вреди да се посети.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.