01.11.2022
Престојувајте во спомен-куќата на Петре М. Андреевски
Престојувајте во спомен-куќата на Петре М. Андреевски
Платформата Кајак.мк расте поради фактот дека на неа може да ги најдете сите уникатни сместувања во Македонија. (Наскоро ќе биде објавена вилата која има панорамски поглед на цело Охридско езеро и која е опколена со густа шума).

Денеска сакаме да ве запознаеме со новиот и млад тим домаќини од село Слоештица, Демир Хисар кои го реновираат објектот кој чиј состав се наоѓа спомен-собата на Петре М. Андреевски. Антонио кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека објектот има 5 соби за престојување и вкупно 14 единечни кревети.

Собите се
опремени со постелнина, пешкири и крпа за лице, а објектот има една заедничка
кујна.
Она коешто го издвојува оваа сместување од останатите е фактот дека домаќините нудат простор за кампување во самото дворче, а во склоп на објектот се наоѓа и спомен-куќата на Петре М. Андреевски, што на некој начин им нуди на гостите туристичко-едукативен престој.

Слоештица има што да понуди. Овде можете да го посетите ресторанот „На Валајци“ кој е на само 300 метри од сместувањето, Арт поинт Гумно- уметничката резиденција на Сергеј Андреевски, Родната куќа на Петре М. Андреевски и родната куќа на Јордан Плевнеш и Владо Цветановски. Исто така овде се наоѓа театарската сцена на Бела Река, Топлички манастир од 14-ти век, Библиотеката Ал-Би Бабино, Манастирот Св, Јован Претеча во Слепче, Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, маркираните планинарски патеки низ планинскиот масив Плекенска- Илинска- Бигла.


Сето ова кое ви го наброивме вам може да ви го исполни викендот и да ви овозможи да уживате во недопрената природа, да се запознаете со романите и расказите на Петре, да дишете чист планински воздух и да дегустирате здрава органска храна произведена од мештаните. Посетителите може да влезат во универзумот на Петре, да се восхитуваат по фреските на локалните манастири, но и од современата уметност во атељето на Арт Поинт Гумно. Овде е и врвот на Плакенска планина- Црн врв од каде може со еден поглед ад ги видите Охридско и Преспанско Езеро.

Она кое можеби не
го знаете, селото Слоештица ја нарекуваат и демирхисарската Венеција, поради
фактот дека секоја куќа има своја приватна река.
Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.