12.05.2021
Активниот туризам ми помогна да се заљубам во Македонија
Активниот туризам ми помогна да се заљубам во Македонија
Оние кои редовно ги читаат нашите патувачки приказни, со сигурност ќе
заклучат дека Кајак.мк е во постојана потрага по луѓе- херои кои прават мали
нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Секој може да биде добар
промотор на туризмот во Македонија. На денешно време се што ви е потребно е мобилен
телефон и желба да прошетате наоколу во државата.

Денеска ве запознаваме со Менче Јовановска, жената хероина која со години наназад е активен промотор на убавините на нашата земја.
Менче е гласна во намера да убеди што е можно поголем број жени да му се
препуштат на здравиот и активен начин на живеење. За Кајак.мк одвои еден ден да
ја истрча животната патека од почеток и да ни ги раскаже нејзините почетоци и
промени кои настанале кај неа.

За неа спортот е важен дел од животот уште од најраните години, но вели дека е активна во последните 10 години.
Таа е планинарка, вози велосипед, обожава да трча, да вежба и плива преку лето. Се
сеќава на првите планинарски тури. Ни раскажува дека љубовта кон планината ја
имала од мала, но со активно планинарење започнала по една организирана тура до
Црн Камен на Јабланица, кога воедно го искачила и првиот врв во нејзиниот
живот.

Менче вели дека планината ја ослободува од стресот, ја воздигнува во облаци и и дава бесконечна восхит.
По Јабланица, започнуваат нејзините активни планинарски авантури. Од Шара, Кораб, Стогово, Јабланица, Дешат па се до нејзиниот
дом „Галичица“ за која планина вели дека треба секој да ја посети.

„Начинот на кој изгледам денес ме мотивираше
да продолжам
да го држам ваквото темпо на живеење. Сега сум среќна што успеав да го направам спортот важен дел од мојот живот, но сакам да остане вака
засекогаш, раскажува таа. Воедно додава дека запознала многу пријатели ширум Македонија со кои патувала на многу дестинации, чекореле по многу планински патеки и искачиле многу врвови.

Менче е меѓу првите редови на мнгоу маратони и трки. Учеството на
трките во Македонија го смета како задолжителна „обврска“. Она што ја држи во
постојана кондиција е трчањето по кејот на Охридското езеро кое и дава чувство на
смиреност.

Таа смета дека има доволно девојки и жени кои спортуваат и дека таа бројка значително
се зголемува во најново време. Според неа, најважно е останатите да го следат
овој тренд, бидејќи само така ќе направат промени кај себе.

Покрај трчањето, Менче вели дека велосипедизмот покрај езерото е идеално во летните денови. Во зависност од кондицијата, таа ја препорачува турата од Охрид до
Струга, но и Калишта, Радожда, Трпејца и Св. Наум, а оние кои се доволно подготвени им препорачува да направат круг околу целото езеро.

Успесите ги гледа во новите стекнати пријателства од патувањата. Вели дека
успехот е последица на довербата која ја има во себе. Најважно е да се има љубов кон природата, без разлика дали некој сака планинарење, велосипедизам,
трчање или пливање.

Менче ги мотивира сите жени да се одлучат на поголема физичка активност.
Бидејќи како што вели таа игра огромна улога во здравиот живот. Тоа е
индикација за здрав, културен и социјален живот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.