21.09.2022

Мојот прапрадедо ја започнал пчеларската приказна во далечната 1878 година

Мојот прапрадедо ја започнал пчеларската приказна во далечната 1878 година

Денеска на платформата на Кајак.мк додаваме една скромна, стара и задржана приказна за семејството Алчинови, кои со генерации наназад се заминаваат со производство на мед, а нудат и разни услуги кои може да се користат во нивната пчеларска фарма.

Ова за нас од Кајак.мк претставува уште една уникатна гастро-дестинација која може да биде дел од вашата агенда за тим-билдинг и друштвени патувања, индивидуални и фамилијарни посети и истражувања на регионот на Гевгелија.


Ние стапивме во контакт со Кристијан Алчинов, млад и амбициозен пчелар кој гордо ни ја раскажа приказната за почетоците на плечарската фарма „Алчинов“.


Оваа семејна пчеларска традиција започнува од 1878 година во село Старо Конско, Кожуф планина, од пра-пра дедото на Кристијан, Ристо Алчинов (1858-1963), кој на својата 20-годишна возраст "уловува" диви пчели и ги населува во примитивни улишта - трмки. Оттука, неговиот син, пра-дедото Трајко Алчинов (1905-1993), продолжува со одгледување на пчелните семејства, дури и по преселбата во Гевгелија, ги оддржувал пчеларниците и во селото и во градот, се до 1960 година, кога од Германија ги носи првите Дадант-Блатови кошници, современи улишта со подвижни рамки и зголемено производство.


Медот и пчелните продукти, кои ги произведувала домашна пчеларска фарма, биле пласирани како на локалниот Гевгелиски пазар, неговиот дуќан во старата Гевгелиска чаршија, а често продавал и на странците кои поминувале со воз низ Гевгелиската железничка станица. Дедото на Кристијан, Ристо Алчинов (1930-2022), син на пра-дедо Трајко Алчинов, имено главен санитарен инспектор на Гевгелија во СФРЈ, продолжува со пчеларството со околу 150 пчелни семејства и развива уште 2 пчеларника и применува почетна номадска техника на селидбено пчеларење, т.е. преселба на пчелните семејства на испаша.


Денес, Трајко Алчинов, кој е татко на Кристијан, активно и професионално се занимава со пчеларство од 1980-тите до 2000-те години, каде што прави суштинска промена во пчеларската техника, од Дадант-Блатови кошници во Фаррарови кошници, кои се за професионална употреба и интензивно пчеларење. Исто така, го издигнува номадското пчеларење (селидбено) на професионално ниво, со примена на платформи и контејнери.



Кристијан и Бруно Алчинови, како 5-та генерација пчелари во фамилијата, активно и професионално вклучени во пчеларската дејност од 2017 година, ја до-оформираат Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ, со комплетно производство на сите пчелни продукти, како мед, полен, перга, прополис, восок, матичен млеч и пчелин отров, како и нус производи како креми, природни чаеви и восочни свеќи, присутни на домашниот и странскиот пазар.

Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ е вратена во својот полн капацитет во 2017 година. Од тогаш до ден денес е вложен огромен труд, енергија и ентузијазам, за до-усовршување на професионално ниво, но и модернизирање на производството со современи алати, машини, направи и техники. Сето тоа, во симбиоза со традициналното пчеларење и оддржување високо ниво на квалитет.


Кристијан вели дека во 2020-та година, одлучиле да го отпочнат проектот апи-тераписки центар, каде што би биле достапни и друг тип на услуги и производи од вредните пчелки, а тоа е апи-инхалација, вдишување на пчелниот воздух, кој е исклучително подобен за сите респираторни и кардио-васкуларни заболувања. Пчелниот воздух е полн со аеросоли, флавоноиди, т.е. испарувања од сите пчелни производи во пчелното семејство, мед, прополис, матичен млеч, кој директно безбедно се вдишуваат преку специјални инхалатори во специјализиран објект, наречен апи-комора. Понатаму апи-терапискиот центар би имал во својата понуда, третман на убоди од пчели, мали куќички полни со пчелин воздух за преспивање на пациентите и апи-велнес услуги, кои би вклучувале масажа на телото со мед, млеко и етерични масла, како и вендузи терапија.


Во 2022 година, на 10-ти јули, ја отвораат вратата на апи-комората, првата фаза од апи-центарот, каде што имаат 3 инхалаторни станици и капацитет од 3-ца пациенти истовремено да се инхалираат. Имено, апи-терапискиот центар го носи името на неговиот дедо, Ристо Алчинов, кој починал во јануари 2022 година, на 91 годишна возраст.


Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ, располага со вкупно 5 пчеларници, 2 стационарни и 3 селидбени, 1 оплодна станица за пчелни матици, 1 едукативен пчеларник и апи-тераписки центар Ристо Алчинов, кој се наоѓа во Гевгелија на патот кон село Мрзенци (спорти хотел Нар), каде што и е стационирана апи-комората и honey shop.

Доколку сакате да стапите во контакт со апи центарот, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа

Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.