17.11.2021
Мојот занает ми дава слобода да се изразувам на мојот јазик
Мојот занает ми дава слобода да се изразувам на мојот јазик
Тимот на Кајак ќе одвои убави страници за нови приказни преку кои ќе ве запознаеме со локалните херои кои својот живот го посветиле на занаетчиството. Ова гранка за нас е доста приоритетна, особено ако се земе предвид влијанието кое занаетчиството го има врз развојот на туризмот во Македонија.

Наша цел во месец декември е да ги вклучиме сите локални занаетчии во нашите предновогодишни програми кои ќе ги организираме за приватните компании, а преку кои настани учесниците ќе научат како да изработуваат уникатни предмети или накит, кои истите ќе ги донираат на луѓето во Македонија кои заслужуваат насмевки.

Ваквиот начин на организирање предновогодишни настани ќе биде од огромно значење за занаетчиите, за туризмот и за сите локални херои кои заслужуваат внимание од сите нас. Овде се медицинските лица кои се борат против пандемијата, пензионерите, децата без родители, лицата кои напорно работат и ред други групи кој секој мал гест ќе ги направи среќни. Затоа доколку сте заинтересирани како компанија да добиете понуда за предновогодишно патување, кликнете ОВДЕ.

Денеска ќе ве запознаеме со Славко Баче чија приказна ќе
може да ја доживеете во неговата работилница во Охрид. Славко е познат по
неговата „Bache Hand Made“ работилница каде произведува дрвени украси и играчки за деца.
Тој вели дека од мали нозе бил заинтересиран за начинот на кој функционираат старите алати кои ги користеле неговите предци. Низ неговото детство учел како да изработува дрвени производи, но конкретно и посериозно со пософистицирани алатки започнал да работи последните 5 години.

Слободата на создавање и изразување е нешто најпривлечно за еден
човек. Тоа е исто како растот на едно дрво во склад со околината, а ваквата
слобода го поттикнала да се вложи длабоко во занаетот.
Основите на занаетот ги научил од неговиот татко Сашо, а сега секојдневно се надоградуваат со
различни експерименти и практчна работа. Од многуте успешни експерименти кои ги
има создадено особено драга му е првата скулптура „Архаична свежина“ која е изработена
од корен на стар багрем.
Сега се повеќе се фокусира на изработка на играчки за деца, почнувајќи од дрвени автомобили, камиони, сложувалки, но и по некоја ноќна сијалица од лејки.

За да се изработи уникатен предмет или играчка процесот не е
баш едноставен, вели Славко. Се започнува со планирање, цртање и одредување на размерот.
На почетокот треба да се биде доста внимателен и да се предвидат сите движења и
наредни чекори.
По утврдената постапка за работа, започнува припремата на парчето дрво адекватно за дадениот проект, а потоа следува сечење на деловите и склопување на продуктот. Сето ова завршува со фино шмирглање и заштита на дрвото.

Работилницата на Славко е сместена во стариот дел на Охрид на патот кон црквата Св. Јован Богослов - Канео. Ова локација му овозможува редовен контакт со туристи, за кои Славко вели дека го стимулираат да продолжи да се вложува во работата.

Искуството како туристички водич кој го стекнал во изминатите години му ја дава потребната енергија да го пренесе своето знаење на посетителите кои ќе скршнат во работилницата.

Славко завршил средно образование во Охрид, а на факултет се запошува во Софија. Љубовта кон родниот крај го потикнала да се врати и да се
вложи во туризмот дома. Денеска, негова најголема поддршка се фамилијата, а
најмногу неговите деца. Секоја нова произведена играчка за нив е нова радост.
Доколку сакате да стапите во контакт со Славчо, посетете ја
нашата база „Каде Овде“ или кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Petrovska Vesna
17.11.2021 15:31
Prekrasno, ona shto kako talent se vpishalo vo edno bitie treba da se neguva, razviva i nadograduva. Samoto toa po sebe ragja ljubov, plemenitodt i empatija, ednostavno go menuva chovekot samo na podobro. Zanaetchistvoto kako i ovaa akcija treba da se podrzuva na sekoe nivo. Ohrid od sekogash bil izvor na nadareni lugje koi darbata ja prestorile vo zivotna profesija(zanaet) i pokraj prirodnata ubavina, unikatnite zanaeti isto taka go pravat Ohrid edinstven. Ushte ednash pozdrav i podrshka za vakvite idei i za vrednite race na umetnicite, zoshto zanaetchistvoto e umetnost.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.