23.12.2020
Вила на Беровско идеална 365 дена во годината: Достапна за изнајмување
Вила на Беровско идеална 365 дена во годината: Достапна за изнајмување
Не сте голем љубител на скијањето, а сакате планина. Тогаш, еко тимот на Кајак.мк ви го препорачува Берово. Знаете ли зошто? Затоа што целиот регион е природна бања. Дали сте знаеле дека Берово е град со највисока концентрација на кислород во воздухот на Балканот? Над Беровското езеро поминува еден од само 4 коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а кои ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија и кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.
Ова нека биде вашата главна причина поради која треба да престојувате на Беровското езеро во текот на зимата. Летото пак, препуштете ни го нам, бидејќи наскоро нашата база од приватни сместувања се проширува и со сместувања на море во Грција, Албанија, Црна Гора...
Периодот кој ни престои треба да бидеме внимателни додека патуваме. Да ги почитуваме мерките и препораките на надлежните и да избегнуваме групирање. Можеби ова е иделано време да реализираме повеќе патувања со нашето семејство?
Одлична семејна вила на Беровското Езеро е вилата Лина 2&3. Таа има два објекти и повеќе апартмани. Може да се резервира цела, но можете и апартман. 
Вилата има свој приватен базен кој е во функција во текот на летото, пинг-понг маса, а во дел од апартманите има и камин на дрва кој во комбинација со снегот ви овозможува феноменален престој.
Вилата е во непосредна близина на езерото и на пешачките патеки. Наш совет е да им овозможите на вашите деца повеќе активности во текот на својот одмор, односно слободните викенди да го поминат на планина, на кој начин би активирале повеќе мускули.
| Повеќе информации од вилата, фотографии, цени и телефон за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.