16.11.2021
Љубовта кон коњите нè поттикна да го отвориме коњичкиот клуб
Љубовта кон коњите нè поттикна да го отвориме коњичкиот клуб
Убави приказни во
Македонија има милион. Се што треба е да покажете смелост да ги ископате на
површина и да ги запознаете патувачите со сите можност кои ги имаат на патот.
Тимот на Кајак.мк е среќен што листата на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот секојдневно расте, а која листа денеска ја надополнуваме со Линда Илиевска, девојката која е дел од коњичкиот клуб „Процес“ во Маџари, место кое лечи стрес по работната недела.

Линда вели дека се започнало пред повеќе од 20 години. Во основа на целата приказна е љубовта кон животните, особено коњите. Еднаш кога ќе се запознаете со ова прекрасно животно и ќе почнете да го осознавате светот на коњите, сфаќате дека тоа е љубов за цел живот, вели таа.

Двајца јавачи ентузијасти, знаејки кои се придобивките од коњичкиот спорт и фактот дека истиот е реален недостаток во нашата држава, се одлучуваат за формирање клуб каде квалитетно би го поминувале времето заедно со своите деца.

Со тек на време заинтересираноста за овој спорт започнала да расте, а со него и
бројот на членови во клубот.
Илиевска вели дека посебна е среќата кога можете да го исполните сонот на многу други и да им дадете можност да се запознаат и научат нешто повеќе за коњите, а искрените насмевки и воодушевувањето на децата по јавањето е тоа што сите овие години ги одржува како клуб.

„Задоволство и привилегија е да се биде дел од еден тим во кој централна улога имаат коњите. Времето поминато во природа посветено на коњите и активностите поврзани со нив е пред се задоволство, но истовремено е голема обврска која повлекува и голема одговорност. Успесите на нашите членови, независно дали е во прашање постигнување на спортски резултат или пак совладувањето на основните јавачки вештини е инспирација која постојано ни дава мотив да продолжиме понатаму со цел да ги приближиме коњите и коњичките спортови до што поголем број љубители на истите, додава таа.

Грижата за коњите е секојдневна и вклучува тимска работа. Мора да се обезбеди соодветна храна, свежа вода и чиста просторија за сместување на коњите. Коњите мора редовно да се чистат, се четкаат/тимарат, се бањаат, им се проверуваат копитата, не само од естетски, туку и од здравствени причини. Исто така, мора редовно да се тренираат за да бидат што поспремни за извршување на активностите кои се бараат од нив. Дополнително на сето ова е љубовта и вниманието кои секојдневно ги добиваат од членовите на нашиот клуб, каде заеднички поминуваат време во прошетка, тренинг, гушкање, плетење плетенки и ги наградуваат со десерти.

Постојат милион начини да бидете со и покрај коњите. Коњичкиот клуб има доста понуди кои
може да ги искористите. Доколку сакате да дознаете повеќе информации за понудите,
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.