17.04.2024

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Со надоаѓањето на летото, тимот на Кајак.мк неуморно работи на додавање на нови сместувања во кои можете да престојувате со вашите најблиски. Денеска ве водиме во Трпејца, каде на самиот брег на езерото се наоѓаат овие прекрасни апартмани идеални за одмор на душата.

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.


Приватниот паркинг и лесниот пристап до апартманите го прават ова место идеално за семејства и групи пријатели кои бараат мир во убавината на македонската природа.

За авантуристите, околината на Трпејца нуди изобилство од активности. Планинарењето на Галичица може да биде исполнување на денот, со можности за параглајдинг за оние кои сакаат да го видат пејзажот од птичја перспектива. Овде се и АТВ турите кои може да ве прошетат низ околината.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.