22.06.2022
Од карабина изградивме прекрасен ресторан на 1500 мнв
Од карабина изградивме прекрасен ресторан на 1500 мнв
Базата на Кајак.мк секојдневно си крчка со нови гастрономски дестинации кои ни привлекуваат се повеќе љубители на добиот залак на нашата платформа. Секојдневно ве запознаваме со нови домаќини и локални херои кои прават се од себе за да го развиваат локалниот туризам во нивниот крај. Денеска ќе ве запознаеме со Сашко Митовски, домаќинот на конакот „Калин Камен“ кој ги отвори своите порти за вистинските гурмани и патувачи.

Сашко ја сподели приказната за настанокот на конакот. Овој објект постои од 2002-та година како планинска карабина, но од јуни 2021-та до истиот месец наредната година овој објект ја добива својата нова надоградба и започнува да гункционира како ресторан кој нуди прекрасен поглед и вкусна храна.

Конакот е стациониран на 1500 метри надморска височина на Осоговските планини. За да стигнете до конакот треба да се упатите кон патниот правец до манастирот Св. Јоаким Осоговски, а по посетата на манастирот да продолжете нагоре кон врвот Калин Камен, каде попатно ќе го сретнете конакот. До манастирот можете да пристигнете и со автобуски превоз, но до конакот можете исклучиво со автомобили, мотори или други помали транспортни возила.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат конакот, наша препорака е да го посетат и езерото кое се наоѓа погоре од конакот, а кое е одлично за уживање. Сашо вели дека гостите го сакаат ова место пред се поради природните убавини со кои избовилуваат Осоговските планини, зеленилата, дабовата, буковата и боровата шума и секако прекрасните ливади.

Што се однесува
до специјалитетите на куќата, овде ви препорачуваме да се нагостите со домашни
зелници, баница, пита под сач, качамак, месо подготвено на повеќе начини, како
и специјалитетите на куќата: Плескавица Калин камен, како и јунешкиот
бифтек.
Доколку сакате да стапите во контакт со домаќините и
извршите резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.