27.12.2020

Се иселив од Скопје за да молзам кози

Се иселив од Скопје за да молзам кози

Последните денови од 2020-та година ги заокружуваме со четивата кои најмногу се пребаруваа на Кајак.мк

Прочитајте ја приказната објавена во септември:


Првиот туристички сервер за домашни и светски патувања „Кајак.мк“ продолжува со промоција на домашниот рурален туризам и младите кои прават ситни работи со огромно значење во развојот на македонскиот туризам.  

Денеска се запознаваме со Давид. Млад човек кој пред 8 години со своето семејсто се преселува од Скопје во село Раштак. Тој е познат по новиот иновативен и млад бред млечни призводи „Kozi Mleko Planina“.
Ова село каде што тој се реши да инвестира не е случајно избрано, туку неговите баба и дедо својот живот го поминале токму на ова место. Тој вели дека не се пронашол многу во градот, па се решил заедно со своето семејство да го „стават во функција“ сопственот земјиште. За почеток купуваат 10 кози и започнуваат со изучување на козарството и начинот на преработка на млекото во млечни производи. 

КАЈАК: Здраво Давид. Како ти текна да започнеш нешто вакво?

Одлуката беше семејна и долго време проучувана, изборот за кози ни го определи теренот на селото но и самоедукацијата, предноста на козјото млеко и млечните производи кои се негуваа во светот кои за жал кај нас беше подзаборавена оваа гранка и и беше прекинат континуитетот.

Кајак: Што ти беше мотивација? Како се пронајде во ова?

Помената не одеше баш лесно но верував во тоа што го правевме, ме мотивираше фактот што минатиот век во големите војни страдаа многу луѓе и деца но и гладните и жедните во африка од овој век што во мене влеваше срам од сожалување и жалење од предизвиците. Не ми требаше многу да се пронајдам бидејќи студирав археологија (за жал ги прекинав студиите) и имав прилика да се запознаам со природата и нејзините предизвици но и нејзините дарови како во праисторијата.

Кајкак: Гледаме дека и друштвото од Скопје ти помагало викендот? Што велат за твојата идеја и бизнис?

Да, овој викенд имав помош по иницијатива на пријателите бидејќи немам време за дружење и симнување во скопје бидејќи се наоѓаме кон средина од сезоната на млеко и млечни производи, навистина ми беше потребна помош но незнаев како да ја побарам, нешто како да ме кочеше но пријатно ме изненади нивниот елан и решителност. Се почувствував како кога ја слушнав за првпат „With A Little Help From My Friends од Joe Cocker“ верзијата од 1969 Woodstock. Навистина прекрасно. Драго ми е што интересот за помош на фармата расте. Пријателите се уште се околу мене и веруваат во моите постапки и визија.

Кајак: Каде се гледаш во иднина?

Сточарството е професија во која се размислува на среден и долг рок, имаме многу идеи но и многу работа до реализација, најважно е да останеме здрави и да пловиме по деновите.

Kaјак: Што им препорачуваш на младите?

На сите им препорачувам да се трудат да живеат во склад со природата и да водат грижа за сопственото здравје и околината, со оглед на околностите во кои живееме верувам дека се повеќе млади ќе се охрабруваат кон земјоделството и сточарството

Кајак: Како да дојдат до твојот производ? Каде може да те најдат?

За нашиот начин на живот и сите информации околу производите и начинот на кој што функционираме секој заинтересиран може да не најде на фб профилот Кози Млеко Планина, фб страната Kozi Mleko Planina или инстаграм kozimlekoplanina.

Кајак: Дали си расположен за гости кои се заинтересирани за рурален туризам?

Во блиска иднина ќе имаме изненадувања на неколку полиња.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.