22.01.2021

Редовно пливам во Охридско езеро среде зима

Редовно пливам во Охридско езеро среде зима

Живеам за нови авантури, бидејќи Македонија има многу на кои досега не сум бил и не сум ги открил, со вакви збророви Аднан Оџоски од Охрид го започна разговорот со Кајак.мк

Аднан е човекот кој секоја зима се капе во водите на Охридското езеро, а преку лето избегнува да го прави тоа. Аднан е авантуристи, патник кој сака да го перцепира туризмот и патувањето од поинаква гледна точка за разлика од повеќето.

Тој вели дека спортува од кога памети за себе. Сака да го комбири спортот и патувањето. Капењето во Охридското езеро на зима го започнал уште пред неколку години. За првпат во ладна вода влегол на водопадите во Thethi во Албанија. Го импресионирала убавината на местото, бистрата вода и околната шума и иако било многу студено тој не можел да одолее па скокнал во водата.

Од тогаш тој редовно плива во Охридското езеро на зима, а преку лето поретко поради поголемиот број туристи. Летото го користи за да се капи на водопади и планински езера низ државата и надвор од неа, а како што вели тој, важно е да знаете дека водата на водопадите во летото е постудена отколку водата во езерото на зима.

 

Аднан е заљубен и во велосипедизмот. Често патува со него. Секоја нова фотографија која ќе ја забележи на социјалните мрежи му дава причина да се качи на него и да ја посети таа дестинација.

Најдобри дестинации за со велосипед ги потенцира Кајмакчалан, Пелистер и Јабланица. За планинарење го сака водопадот на Јакупица, Бабуна, Тресонце, Шарпланина и Лешница.

Аднан како и сите други туристи се надева дека 2021-вата година ќе ги отвори границите и ќе стави крај на пандемијата. Се надева дека ќе може да посети дел од дестинациите кои му се на листата за патување како водопадите во Валона, ски-центарот Кајмакчалан, врвот Мусала, Вихрен и термалните води во Добриниште во Бугарија.

 

За него, на крај на денот најважно е да се ужива во патувањето. Да се бара нови авантури и во време на пандемијата, бидејќи само така животот е поинтересен. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.