07.03.2023
Секојдневно го чистиме Охридско езеро од ѓубре и остатоци од покуќнините!
Секојдневно го чистиме Охридско езеро од ѓубре и остатоци од покуќнините!
Сѐ почесто сме сведоци на отпадок и остатоци од покуќнините во водите на Охридското езеро. На крајбрежјето може да се забележат отпушоци од цигари и пластични шишиња, а од дното на езерото честопати се изнесувале стари кади и телевизори.

Несовесноста на одредена група граѓани создава депонија од Охридското езеро, вели Никола Паскали, нашиот локален еко херој кој цели 12 години организира волонтерски еколошки акции за чистење на езерото.

Никола по струка е археолог и се занимава со подводна археологија. За време на летната сезона организира нуркачки тури, а во зимскиот период вели дека има морална обврска да му помогне на езерото да се ослободи од непотребниот шунд.

Фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи говорат за тоа дека на дното на езерото може да се најде од пластична кујнска опрема, пластични и стаклени шишиња, автомобилски гуми, седла од возила и мрежи од нелегални риболовци.

„Ја разбирам потреба да го посетиме Охридското езеро или да живееме на неговото крајбрежје. Но, не ја разбирам потребата од фрлање отпадоци и остатоци од покуќнината во водите на езерото. Охридското езеро е наше природно богатство кое не прави горди македонци и самиот факт треба да ни даде до знаење дека отпадокот треба да заврши на депонија а не во вода“, вели Никола. Тој додава дека самите родители треба да ги едуцираат своите деца уште од најрана возраст за тоа како да бидат еколошки одговорни, а не да бидат пример за тоа како не треба да правиме.

Во пресрет на новата летна сезона „СКОПСКО“ има нова кампања која има цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните кои како домашни туристи патуваат низ државата. Кампањата „Заедно за чисто Охридско Езеро“ има едукативен и еколошки концепт. Наметнува до знаење дека треба да ги оддржуваме чисти сите туристички места кои ги посетуваме, но од друга страна пак, Пивара Скопје ќе одвојува по еден денар од секое продадено „Скопско 0,5“ и „Скопско Smooth 0,5“ во стаклена амбалажа за спроведување на еколошка акција за чистење на езерото.

„Убавините што сме ги наследиле се наша гордост, но и наша одговорност. Само од нас и нашите постапки зависи што ќе им оставиме на генерациите што доаѓаат. Приклучи се на СКОПСКО платформата за чисти природни богатства и помогни ни да ја покажеме на дело љубовта кон она на кое сме горди“, велат од „СКОПСКО“.

Повеќе информации
за кампањата можете да најдете на www.skopsko.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.