03.07.2020

Се заљубивме во „Осоговски конак“ на Пониква

Се заљубивме во „Осоговски конак“ на Пониква

На само час и половина од Скопје и на 1650 метри надморска височина се наоѓа Пониква. Доволно позната туристичка дестинација во текот на цела година. Во зима лек за белите дробови, а преку лето чист воздух како лек за стресот.

Барајќи релаксиран викенд се со цел да заборавиме на напорната работна недела, се решивме да го посетиме „Осоговски конак“ на Пониква. Сме слушале многу од наши пријатели кои веќе биле таму, па затоа ни дојде и нам како идеја да го посетиме ова место.


Прво нешто што ќе ви падне на памет кога ќе го слушнете зборот „конак“ е традиција и историја. Можеме и да се согласиме дека ова место навистина го заслужува своето име. Пред се поради својата автентичност, а после се и поради љубовта кон работата на сопствениците коишто веќе години наназад го градат брендот.

Пониква сама по себе е прекрасна планина, нејзните убавини и прекрасните песјажи се нешто што е неминовно овде. Ладовина, мир, спокој и чист воздух е она што му е потребно на од најмладо до највозрасно лице.


Но тоа не би било доволно само на еден ден, па затоа ние ви препорачуваме да го одвоите викендот, па и повеќе денови доколку сте во можност за да уживате во одличната услуга која ја нуди конакот.


За престој и ноќевање, без сомнеж ви го препорачуваме конакот. Знаете зошто? Затоа што сите простории се уникатно опремени со етно елементи, но доволно модерни за да ви одговорат на сите потреби. Погледот од прозорците освојува. Па затоа замислете како вашето утринско кафе го пиете со планински поглед. Или пак за гурманите, замислете како овој автентичен македонски амбиент ви овозможува богата македонски трпеза, од дивеч до разновидни специјалитети од осоговското поднебје.


Сопствениците на комплексот „Осоговски Конак“ веќе ги отворија вратите и на апартманите и собите со кои располагаат. По најбезбедните протоколи за сместување, редовно дезинфицирање, обучен персонал и селектирана здрава храна. Што треба повеќе?


Апартманите на конакот се опремени со: брачен лежај, помошен лежај, парно грење  во зима, тв, сопстветно купатило, интернет и одличен амбиент.

Собите се опремени со: брачен лежај, сопствено купатило, тв, парно греење за во зима, интернет

Имаат обезбеден сопствен паркинг простор за возила.

Цените за ноќевање се: 600 денари во лето по лице, 800 денари во зима по лице поради грејната сезона

За деца од:

-0 до 3 години/ бесплатно

- 3 до 10 години / 50%

За повеќе информации можете да се јавите на: 078-567-123 
078-400-577


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.