10.12.2020

Прекрасен модерен “замок“ на Мавровско езеро достапен за изјамување

Прекрасен модерен “замок“ на Мавровско езеро достапен за изјамување

Никифорово е место кое е иделано за фамилијарни луѓе кои сакаат да одморат на тишина и подалеку од метежот. Исто така, ова село е идеално за оние кои имаат план престојната ски сезона да ја поминат на ски центарот „Маврово“. Никифорово од самиот ски центар е оддалечн околу десеттина минути возење со автомобил. Па оттука и прашањето, зошто да не ја поминете зимата во ова село кое се наоѓа покрај самото езеро? 

За дополнителна мотивација, ви ја претставуваме „Кулата Бор“ која е нова градба, со феноменален изглед. Од надвор изгледа како модерен замок, а внатре е спој на традиционалниот стил со модерното. Вилата располага со два апартмани. Едниот е со капацитет до 10 лица, а другиот е со капацитет до 6 лица. 

За оние пак кои не се скијачи. Од Никифорово започнува една од полесните пешачки патеки кои водат до врвот Сандакташ. Подлогата вдолж целата патека е мека и пријатна за движење. Доколку се најдете во паркот на 9 Август, денот на Светителот Пантелејмон и ден кога Ниќифорово ја празнува селската слава, задолжително поминете ја оваа тура за да уживате во неповторливо доживување и да слушнете за традициите на регионот директно од устите на локалното население. Техничките тежини се незначителни, а убавините и квалитетот на патеката непроценливи. Вода за пиење има во селото и кај изворот Петти леб.

Доколу сакате да погледнете повеќе информации за вилата, фотографии од истата и начин на резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.