13.03.2021
Во Македонија може да престојувате и во „музеј“ стар 300 години
Во Македонија може да престојувате и во „музеј“ стар 300 години
Чујте и почујте, тимот на Кајак.мк ви ја преставува една од најживописните и најимпресивни куќи во Кратово која е достапна за изнајмување, а која функционира и како фолклорен музеј.

Одлична идеја која може да донесе многу туристи во македонските села. Куќата се наоѓа во Кратово и оттсега може да ја резервирате преку нашата категорија „приватни сместувања“.
Ова прекрасно живописно планинско градче е идеално да го посетите во текот на пролетта и летото.
Во 2009-тата година, сопственикот Стевче Доневски ја купува ова 300 годишна куќа од семејство чии членови биле трговци кои со години наназад продавале ткаенини во Солун и Дубровник.

Стевче се одлучил куќата да ја претвори во фолклорен музеј со простории за престојување. Хостелот го именува како „Шанчева“, кое име е од првиот сопственик на куќата, Шана.
Куќата е реставрирана. Направена е од дрво кое е покриено со малтер. Пред купувањето, во куќата на приземјето имало продавница за ткаенини и суровини од Солун. На првиот спрат била трпезаријата, дневната соба и трите спални соби.

Доневски вели дека куќата е обновена со зачувување на симболиките како што е стариот традиционален мебел. Во сите делови од куќата се изложени традиционални предмети, носии, рамки, предмети од секојдневиоето, контејнери, бокали кои се собирани со многу истражување.

Пред заминување, гостите може да купат локални ракотворби, керамички саксии, бокали, џемови, мед, ракии, ароматични билки, сол, зачини и вино. Во куќата има и кујна за гостите каде може да дегустираат традиционален доручек кој го подготвува Валентина, сопругата на Стевче.
Во музејот и собите имаат свои имиња. Првата соба со три кревети е именувана како Кратово, а останатите три се Кратизара, Коритон и Кратер. Нема ништо подобро од тоа да го вратиме на мода нашето минато. Поимот „луксуз“ има различни сфаќања, наше е како ќе го дефинираме.
| Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместувањето, цена и контакт за изнајмување, кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.