26.08.2021
За нас едрењето во Охрид е многу повеќе од една убава глетка
За нас едрењето во Охрид е многу повеќе од една убава глетка
Од неодамна
започнавме со организирање на еко тим-билдинг патувања за компани кои вложуваат
во мотивирање на своите вработени. Од друга страна пак, драго ни е што доста
комапнии покажаа интерес да ги поддржат нашите локални херои преку своите колегијални
патувања и да донираат во пошумување на регионите кои насрадаа од пожарите.
Доколку се уште не сте аплицирале со вашата компанија за тим-билдинг патување преку Кајак.мк, истото може да го сторите со еден клик ОВДЕ.

На листата на
Кајак.мк додаваме уште едни локални херои со кои тим-билдингот може да биде многу
поинтересен. Станува збор за клубот за спортско едрење „Меч Рејс Клуб“ од Охрид
кој е формиран во март 2019-та година, се со цел да го промовира и развива
едрењето како спорт, но и како активност која е достапна за сите вљубеници на
активниот туризам.
Ние денеска разговараме со Славчо. Човекот кој преку развојот на едрењето како гранка од туризмот (наутички или спортски туризам) очекува да го развие оддржливиот туризам.

Во Македонија, за најголем дел од луѓето, едрилиците се само една убава глетка и ништо повеќе од тоа. За нас, едрењето е пред сѐ спорт, според многумина и екстремен кој нуди можност за спортување и рекреација на луѓето без разлика на возраст или пол, вели Славчо. Додава дека никогаш не изостанува желбата за максимално уживање на утринското сонце или на зајдисонце, во случај да нема ветар.

Иако се формирани само пред две години, нивните цели се препознаени и поддржани од приватни фирми, од јавниот сектор и секако од многубројните луѓе кои се одлучиле да пробаат едрење. Среќни се што од минатата година околу 1.000 лица научиле што значи едрење, а уште посреќни што еден дел од нив покажаа интерес да се обучат и да продолжат да се занимаваат со едрењето.

Охридското Езеро нуди огромен потенцијал за развој на наутичкиот туризам, поради прекрасната природа и чистата вода. Источниот брег, во подножјето на планината Галичица е најубавиот предел за едрење, и не заостанува по својата убавина во споредба со најубавите предели на Јадранско, Егејско или Јонско Море. Звучи нереално, меѓутоа секој кој ги посетил овие места на Охридското Езеро сигурно ќе се согласи.

Да се научи да се управува со едрилица е лесно и потребни се седум до десет денови, меѓутоа да се научи да се едри потребно е повеќегодишен труд и посветеност. Разбирање на генералните метеоролошки принципи, локалната метеорологија, хидродинамика и аеродинамика, големи моторички способност, брзина во носење одлуки се само дел од вештините и способностите кои треба да ги поседува добар едриличар.

Тој ги поканува сите оние кои се заинтересирани да пробаат едрење да ги посетат во базата во каналот Студенчишта. Спротивно на генералното мислење дека едрењето е спорт за во лето, Славчо тврди дека едрењето е за преку цела година, а можеби и најмалку за во лето.
Додаваат дека
пред нив е интересна есен и најавуваат организација и учество на неколку настани и натпреварувања.
Едрењето со „Меч
Рејс Клуб“ може да го најдете и во нашата база „Каде Овде“ каде што може да
контактирате дирекно со организаторите. Повеќе инфо со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.