10.04.2024

Дали сте слушнале за сместувањето „Ана Плетварска“?

Дали сте слушнале за сместувањето „Ана Плетварска“?

Тимот на Кајак.мк има една мисија до последниот ден од постоењето на платформата www.kajak.mk, а тоа е да ве запознае со сите домаќини, со сите ќошиња и сите позитивни приказни во Македонија за луѓе кои се трудат да создадат приказна која ќе шири добрина.

Мотото на Кајак.мк е „Новата ера на туризмот“ која започнавме да ја промовираме пред неколку години, а ќе ни треба уште многу време за да ја постигнеме нашата цел. Секојдневно промовираме нови локални херои кои вложуваат многу труд и работа се со цел да го развиваат туризмот на свој уникатен начин.


Туризмот во Македонија е свет во кој има место за секого, има сместувања и домаќини за сечиј карактер и за сечии потреби.

Денеска, ќе ве прошетаме низ Плетвар, селце кое е се наоѓа на 1000 метри надморска височина, непосредно до патот кој води од Прилеп кон Кавадарци. За многу странски туристи веќе позната локација за одмор од патувањето или долгото возење, а за нас уште една нова дестинација каде можете да го најдете својот спокој.


Во самото село се наоѓа куќарка во која можете да престојувате, а во топлите пролетни летни денови, домаќините ви овозможуваат да си поставите ваш шатор и да ги користите кујната и тоалетите од самата куќа. Куќата за изнајмување го носи називот „Ана Плетварска“ а многу од коментарите зборуваат дека ова сместување има домаќини кои се грижат за своите гости на прав начин.


Сместувањето има рустичен ентериер, скоцкан за луѓе авантуристи кои не бараат луксуз, туку едноставно го бараат спокојот. Ова сместување е идеално за луѓето кои сакаат уникатни искуства. Цените на сместувањето се прилагодени како би можел секој од нас да си дозволи бегство во ова сместување.


Куќата располага со еден апартман за 4 лица, една просторија со брачен кревет за 2 лица, како и дневна просторија која има капацитет за 30 лица. Има опремена кујна и пространо зелено дворче во кое може да се постават многу шатори.

За оние кои сакаат повеќе фотографии, информации како и опција за он-лајн резервација може да најдат со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Blaze Melov

    10.04.2024 23:29

    Objektot e super ,i e blisku do glavniot pat ,i vrede da se posetl

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.