22.05.2021
Престојувајте на приватен сплав идеален за цело друштво
Престојувајте на приватен сплав идеален за цело друштво
Со отварање на границите, се отвара и нашата палета на приватни сместувања кои може да ги резервирате преку Кајак.мк. Денеска патуваме во соседна Србија, каде ве водиме во националниот парк Тара.

Тара треба да биде на списокот на секој љубител на дивината и планината. Паркот има низа планински врвови и стрмните живописни клисури помеѓу нив. Од нив, најзабележителна е онаа на Дрина со нагол спуст од 1.000 до 250 метри и широк поглед на западна Србија и соседна Босна. Својствени за подрачјето се и карстни пештери, дупки, извори и видиковци.

Но својствени за овој национален парк се и сплавовите на езерото Перучац кои може да ги резервирате за престој. Од денеска дел од базата на Кајак.мк е сплавот „Escape House“ кој е идеален за 6 лица.

Сигурно многумина од вас веќе и размислуваат како би поминале еден викенд овде, нели? Нашиот тим воспостави дирекна вибер линковска врска со домаќините на објектите со кои може да разговарате и да ви дадат повеќе насоки за тоа како може да го искористите активно викендот во националнит парк.
Доколку сакате повеќе фотографии од сместувањето, информации за внатрешноста на сплавот и контакт за комуникација, кликнете ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.