22.07.2020
Над илјада ваучери за туризам искористени во првата недела
Над илјада ваучери за туризам искористени во првата недела
Над илјада ваучери за туризам се искористени првата недела од предвидениот рок за нивната употреба. Во согласност со најавите, над сто илјади ваучери се поделени кај граѓаните за поддршка на туризмот, а истите тие може да се искористат до 15 декември оваа година, пишува Нова Македонија. Надлежните очекуваат дека истите тие ќе бидат во целост искористени, во согласност со досегашниот интерес и во согласност со предвидената динамика.
– Министерството за економија преку платформата има увид во секој момент за сите ваучери кога и каде се искористени во угостителските објекти пријавени во платформата „Дома си е дома“. Во моментот се искористени 1.089 ваучери. Повеќето се во Охрид и во Струга, но има и во Дојран, Берово, Крушево, Маврово и во Попова Шапка.
Според динамиката, откако е почната реализацијата сметаме дека истата таа ќе се реализира во предвидениот рок доколку ситуацијата со вирусот не се влоши во периодот што следува. Особено ако се има предвид дека ваучерите можат да се користат до 15.12.2020 година, поради што сметаме дека има доволно време истите тие да се реализираат – посочуваат од Министерството за економија и додаваат дека сѐ уште е рано да се прават анализи на ефектите од оваа мерка.
Оттаму посочуваат дека за проширување или за продолжување на мерката ваучери за граѓани со ниски примања, со кои е предвидено да се поддржи секторот туризам, како еден од најпогодените сектори поради ширењето на ковид-19, зависи од ефектот на досега поделените ваучери.
Извор: Нова Македонија
Фото: Gorjan Ivanovski
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.