16.08.2021
Организираме џип сафари на Галичица
Организираме џип сафари на Галичица
Летото не би било компетирано ако не искусите некоја од авантуристичките тури кои се организраат ширум Македонија. Без разлика дали сте заљубени во летањето, пливањето, велосипедизмот или ред други активности, едно ни е сосема јасно, а тоа е фактот дека секоја тура си носи свои уживања.

Дел од турите,
започнавме да ги вклучуваме во нашите тим-билдинг понуди кои може да ги
искористат сите компании во Македонија. Доколку вие и вашит тим сакате да ви
организираме еднодневна или повеќедневна авантура низ Македонија, кликнете ОВДЕ
за да го пополните формуларот.
Луѓето кои од денеска се приклучуваат на листата на Кајак.мк како локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот се „Jeep Safari Galichica“.

Ние ќе ве запознаеме
со Ристе Николовски кој е дел од целиот тим на луѓе кои ја претвараат Галичица
во авантуристички парк.
Ристе ни раскажува дека причината која ги поттикнала да започнат со организирање на ваквите тури е љубовта кон природните убавини на Националниот парк Галичица. Отсекогаш размислувале како тие убавини да им ги престават на странците кои го посетуваат Охрид, а сето тоа преставување да биде на еден уникатен начин.

Се одлучиле да организраат
сафари на Галичица, од причини што националниот парк поседува асфалтирани и
неасфалтирани патишта и сето тоа може да се искомбинира во интересна авантура.
Ристе вели дека се вози по планински асфалтирани и неасфалтирани патишта, по скоро цела должина на националниот парк. За време на екскурзиите гостите може да го погледнат Охридското и Преспанското езеро од височините на Галичица. „Тоа е како да го гледате светот на дланка“, вели Ристе.

Запрашан за тоа кој е најважниот момент на турите, Ристе додаде дека прекрасните пејсажи и разновидноста на растителниот, а и животински свет се нешто кое мора секој да го доживее. Галичица е еден од најубавите паркови во Македонија. Таа крие многу тајни, многу уникатни места и секако чист воздух.

Евелвацијата од почетната
до највисоката точка на патувањето е 1000 метри. За време на ова искчување,
групите прават попатни паузи каде имаат можност да направат прекрасни
фотографии од светот на Галичица.
Доколку сакате да
комуницирате со организаторите на ваквите тури, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.