26.08.2022
Кајак.мк започнува соработка со Винер Осигурување - за сигурно патување и сместување
Кајак.мк започнува соработка со Винер Осигурување - за сигурно патување и сместување
Еј друштво, среќни сме да ве информираме дека од денеска Кајак.мк започнува официјална соработка со Винер Осигурување кои ќе овозможат поголема сигурност при патувањето, и престојот во Македонија.
Винер Осигурување како иновативна осигурителна компанија се ангажира во осигурвањето на имотите на сместувачките капацитети, угостителските објекти и сите физички и правни лица кои имаат туристичка и услужна дејност.
Кампањата со „Винер Осигурување“ која ќе ја лансираме на Кајак.мк е под мотото „Што ако...“. Ваквото мото доаѓа по многубројните прашања од страна на патувачите и домаќините кои располагаат со сместувачки капацитети, а кои честопати знаат да го постават прашањето „Што ако се случи нешто?“.
Преку
Кајак, Винер Осигурување започнува соработка со сите менаџери на вили,
викендици, апартмани, хотели и ред други сместувачки објекти кои бараат
начин како да го заштитат својот ентериер и објект.
Од друга страна пак, ваквата соработка им гарантира и сигурно патување на патувачите. Со патничкото осигурување на Винер осигурување кое може да го добијат во секој миг преку пополнување на податоците со еден клик ОВДЕ, секое патување во странство нека биде безгрижно, без дополнителни трошоци во случај на непредвидени и непосакувани ситуации. “
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк
На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој
Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува
Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк
Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.