18.11.2020
Вила на Мавровско езеро со прекрасен поглед достапна за изнајмување
Вила на Мавровско езеро со прекрасен поглед достапна за изнајмување
Дали сте слушнале за Студенче? Населба покрај мавровското езеро која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува за активно да го искористите вашиот одмор. Зошто Студенче? Затоа што има пешачки и велосипедски патеки, а месец ноември па и дел од декември е идеален за движење во природа.

За време на зимскиот период, ние ќе се потрудиме да ви дадеме еден куп совети и начини како барем за викенд да побегнете од загадениот градски воздух и да го прочитете вашето тело со чист воздух. Што се однесува до зимскиот период ова шумско патче кој на некој начине кружна патека над Леуново е идеална за турно и нордијско скијање.
Патот е маркиран, и заради тоа што станува збор за шумско технички пат, ориентацијата воопшто не е проблем. Подлогата е удобна за движење како за пешачење, така и за возење велосипед. Заради тоа што е поставена во шумскиот појас, движењето е пријатно во текот на целиот ден. Извори со вода за пиење има на две места, но патот минува и покрај повеќе потоци. Нема технички тежини.
Кога сме веќе кај Студенче, сакаме да ве запознаеме со вилата на Бобан која се наоѓа на извонредна локација. 
Вилата располага со 3 соби и тоа, во првата има брачен и единечен кревет, во втората три единечни,
во третата два единечни кревети.
Викендичката се состои од два спрата.
На првиот спрат има дневна, кујна, тоалет и 2 тераси од кои едната тераса е со поглед кон езерото.
На вториот спрат има 3 спални соби и две тераси. Викендичката има интернет и телевизија (Макс Тв), скара, топла вода и парно греење на струја. Има приватен паркинг.
Вилата има капацитет за 10 лица. Повеќе информации од вилата, фотографии од истата и можност да резервирање можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.