15.03.2023

Во Македонија сѐ уште се организираат книговезачки работилници

Во Македонија сѐ уште се организираат книговезачки работилници

Мисијата на Кајак.мк е да ги открие на виделина сите занаетчии кои според нас се душата на туризмот во Македонија. Верувале или не, во Македонија има многу такви локални мештани кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.

Цврсто се држиме до нашата цел! Еден ден прераснеме во национална платформа за туризам во Македонија, на која ќе ги имаме апсорбирано сите чинители! Сето ова ќе го постигнеме, само доколку продолжиме да им ја пружиме шансата за промоција на оние најмалите кои никогаш досега немале можност да бидат промовирани.

Секојдневно раскажуваме нови приказни, а сега ќе ви ја раскажеме приказната на Драган Георгиевски, човекот кој животниот пат од Битола до Охрид го поттикнува да продололжи со испишување на семејната приказна „Книговез“. Приказна која својата прва страница ја добива во далечната 1979-та година.

Денеска, производите кои ги продава Книговез можете да ги погледнете во „Бакалницата на Кајак“, а работилниците кои ги организираат можете да ги погледнете во категоријата „Каде Овде“.


Драган ни ја раскажа приказната за историјата на Книговез која започнува пред 4 децении во Битола на улицата Св. Нектариј Битолски, лоцирана на околу 100 метри оддалеченост од Безистенот, на самиот почеток на „Старата Битолска Чаршија“


Приказната ја започнуваат неговиот татко кој дипломирал како графички инжинер во Загреб, неговата мајка со завршен курс за книговезец и двете ученички Валентина и Менка.


Битолскиот дуќан фунцкионира до 1985 година, кога семејството на Драган одлучува да го затвори и да се пресели во Охрид, каде семејната ангажираност продолжува како квалификувани стручни лица во графичката индустрија во печатницата Коста Абраш.


Драган вели дека се запознал со книговезачкиот занает при крајот на деведесеттите години и тогашната љубов кон занетот го поттикнува да изработи стотици производи од тврд повез.

Изучувајќи ги основните вештини од неговиот татко, во локалната семејна гаража, произлегла желбата повторно да ја регистрираат нивната работилница „Книговез“ и да ја вратат душата на семејниот занает.


Охридската работилница официјално започнува со работа на 20.03.2021 година и активна е до ден-денес.

Во моментов Драган е тој кој ја раководи работилницата, а дополнителна помош добива од неговата сопруга Билјана Георгиевска која исто така го совладува занаетот.


Поради намалениот обем на работа и изумирањето на користење на хартијата за пишување во секојдневието, Драган одлучил да изучи дополнителен занает. Тоа се вештините за рачно изработени производи од кожа како корисни предмети во секојдневието. Исто така, ја совладува и рачната резба на кожа која до 2007 година не била застапена во Македонија.


Она кое Кајак.мк сака да ви го потенцира во четивото за „Книговез“ се забавните работилници кои се организираат за различни возрасти. Од 10 годишни до пензионери. Драган вели дека преку ваквите работилници посетителите може да изработуваат минијатурни бележници со тврд повез, да шијат рачно производи од кожа и да уживаат во презентацијата на рачна резба од кожа.


Првата работилница започнала по барање на една девојка од Холандија, на 18 август 2014 година која ги замолила да и помогнат да си изработи ташна по нејзина желба. Работилницата беше успешна, девојката беше презадоволна, а ние продолживме да нудиме работилници се до денес, вели Драган.


Во работилницата посетителите имаат можност да пеат и да свират на разни инструменти. Книговез располага со едно пијанино и две гитари. Во летниот период може да се затекнат академски музичари кои имаат свои проби во работилницата.


Што се однесува до производите кои ги изработуваат денеска, секој нарачател преку бакалницата и секој посетител може да добие производ по своја желба. Секако во рамките на умешностите на занаетчиите.

Денеска може да најдете разни бележници, паричници, футроли за картички, приврзоци, ремени и уште многу други дела.

Доколку сакате да ги погледнете изработките кликнете ОВДЕ, доколку сакате да ја погледнете точната локација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.