28.03.2022

Дали сте го посетиле рибникот Тополник?

Дали сте го посетиле рибникот Тополник?

Покрај приватните сместувања кои од ден на ден ги има се повеќе, тимот на Кајак.мк неодамна започна со приклучување на гастрономски дестинации/објекти/локации кои вреди да ги посетите.


Причината поради којашто некои луѓе патуваат е храната. Оттука сакаме да Ве запознаеме со што е можно повеќе објекти кои не штедат на вкусот, а кои можете да ги контактирате и да резервирате маса преку нашата платформа.


Денеска ќе ве запознаеме со рибникот Тополник. Рибникот се наоѓа на 4 километри од Кочани и е опколен со прекрасна шума. Пролетниот и летниот период се идеални за да го посетите рибникот, поради фактот дека има простран тревен двор, во кој доколку имате деца тие ќе може да уживаат и да ја истрошат сета детска енергија.


Тимот на Кајак.мк разговараше со Павел кој ни ги отвори вратите од својот рибник и ни посака топло добредојде со чашка ракија и домашно овчо сирење за кое многумина коишто биле овде ќе се согласат дека е извонредно.

Главното јадење или специјалитет на кујната е секако свежата риба која ја ловат од базените на рибникот и ја подготвуваат во истиот момент. Но Павели вели дека овде е и прекрасната скара на жар и разните специјалитети приготвени на традиционален начин од тајните на тамошните мајстори во кујната.


Рибникот е прекрасно подзаскриено местенце, кое може да Ви овозможи прекрасен фамилијарен ручек или вечера. Како специјалитети од риба се издвојуваат пастрмката и крапот, а исто така како што рековме овчото сирење е нешто кое мора да се проба.

Доколку сакате контакт број од рибникот и точна локација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.