14.11.2021
Престојувајте во планинска етно колиба на 1250 мнв
Престојувајте во планинска етно колиба на 1250 мнв
Есента на Пониква е момент кој заслужува да му дадете внимание. Љубителите на добрите шарено златни бои, страсните гастрономи и луѓето кои живеат за активен туризам во никој случај не би згрешиле доколку одвојат барем еден викенд и да ја посетат оваа дестинација.

Тимот на Кајак.мк
е среќен што базата од приватни сместувања од ден на ден се повеќе расте, а во
неа може да се најде од најмодерно сместување до етно/планински вили кои се достапни
за секој страсен патувач.
Денеска ќе ве запознаеме со уште една уникатна етно вила која може да ја најдете во базата на Кајак.мк, а која вила е целосно изолирана им нуди мир и тишина на гостите.

Станува збор за
вила Пајо која се наоѓа во регионот Пашаџиково, а која вила е опколена со
аришова и букова шума.
Вилата се наоѓа на 1250 метри надморска височина, а доколку прашате некој поискусен доктор, со сигурност ќе ви каже дека овој предел на Пониква се смета за воздушна бања, која со помош на аришовото дрво нуди огромни здравствени придобивки.

Домаќинот Павел,
кој ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк вели дека вилата е уредена во
етно стил, а градбата е од камен, што има цел да им понуди уникатен престој на гостите.
Вилата се наоѓа недалеку од ски-центарот, а во нејзината околина има пешачки патеки, ресторан и манастир.

Располага со три
спални соби, од кои едната соба е со брачен кревет, а двете соби се со по
единечни кревети. Покај спалните, вилата има дневен престој чиј ентериер е во
склоп со планината.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Фото: coci_lazarevski
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.