19.12.2020
Резервирајте ја вилата на Маврово со најромантичен двор и поглед кон езерото
Резервирајте ја вилата на Маврово со најромантичен двор и поглед кон езерото
Јануари и февруари се дефинитивно месеците на романтиката. Чаша греено вино, џез, камин и снежен поглед. Што друго би посакале?
Тимот на Кајак.мк викендот ве води на Маврово каде ќе ве запознае со две нови вили кои може да ги резервирате дирекно од нашата база. Вилата „Cece's Home“ е иделано скривалиште за младите брачни парови кои бараат начин како да ги одведат своите деца на чист воздух далеку од градскиот метеж.
Ски центарот на Маврово е исто така еден од главните причини поради кои треба да го посетите Маврово.
Тимот на Кајак.мк постојано советува дека секое патување треба да има своја причина. Ние како туристички сервер настојуваме вашето слободно време да го поминете активно. Без разлика на тоа дали тоа ќе биде пешачење по снегот, скијање, пливање во затворен базен, планинарење или ред други активности. 
Маврово е одлична зимска дестинација за искусните скијачи. Постојат скијачки патеки од 1.255 до 1.860 метри надморска висина, кои се одржуваат и ги поседуваат потребните услови за скијање на природен и технички снег. Скијачката зона е опремена со 3 жичарници и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри одржувани скијачки патеки кои се различни и погодни за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници.
Вилата „Cece's Home “ е недалеку од ски жичатницата. Таа претставува совршен спој на дрво и камен, модерното во спој со рустичното. Вилата располага со дневен престој и незаменлив панорамски поглед кон Мавровското езеро, кој за момент може да ви го одземе здивот, како и целосно опремена кујна, тоалет, и две спални соби со капацитет од 6 лица.
| Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Како ќе ги поминете новогодишните празници?
Инспирација за новогодишни празници во Македонија: планински куќи, локални домаќини и автентични искуства. Откриј каде да ја започнеш Новата година поинаку со kajak.mk.
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.