24.02.2022

Го напуштивме Скопје за да прозиведуваме чист и природен мед

Го напуштивме Скопје за да прозиведуваме чист и природен мед

Запознајте ја Весна Биљарска, жената која со својот сопруг одлучиле да го напуштат Скопје и да се преселат во Берово, градот познат по квалитетниот мед.


Приказната на Весна денеска се најде на платформата на Кајак, бидејќи има цел да ви докаже дека во Македонија се уште се произведува чист и квалитетен мед. Таа со својот сопруг барајќи начин за егзистенција одлучуваат да отпочнат бизнис со пчеларство во селото Владимирово.


Првите пчелни семејства ги купуваат во 2017 година, и ги позиционираат во атарот на село Владимирово која околината е доста чиста и богата со шума. За оние кои досега не слушнале за Владимирово, ова село се наоѓа во средишниот дел на општината Берово. Неговиот атар се издига до сртот на Малешевските Планини. Селото е ридско на надморска височина од 850 метри. Најголема површина од атарот на селото имаат шумите кои опфаќаат над 5500 хектари, што го прави ова подрачје идеално за одгледување пчели.


Фото од видеозаписот „Химна на Владимирово“

Планините во атарот имаат просторни површини под пасишта, големи комплекси со широколисни и иглолисни шуми, а има и доста површини под ораници. По речните долинки има и ливади. Сета полска површина скоро е обработлива, а долините по Брегалница и Селска Река делумно се ораници за градинарски култури, а остатокот се ливади.


Весна вели дека пределот изобилува со мајчина душуца, жалфија, бела детелина, фацелија, дива капина и трн, па се со дабова роса. Од наведените билки собираат нектар, а од дабовите дрва на кои се појавува медна роса е главната паша. Овој мед е мешавина од нектрот и модната роса. Таа вели дека медот којшто го произведуваат е 100 проценти природен и не содржи дополнителни додатоци. Бојата е темна и има вкус на карамела во која се мешаат атомите на чаевите. Ваквиот вкус го добива од дабовата роса која се појавува на листот од дабот, а која пчелите ја собираат.


Таа вели дека добрата посветеност во работата резултира со квалитет. Да се одгледуваат пчели не е едноставна работа. Годината има свои периоди кои со себе носат своја тежина. Од развојната прихрана на пролет, со третмани против болести, предовни прегледи на состојбата на заедниците, припрема за собирање мед и најубавиот и најтешкиот дел медоберот.


Тие се уште го користат рачниот начин на собирање и скадирање на мед во теглите и како што вели Весна не додаваат никакви дополнителни хемиски додатоци, ниту пак медот поминува низ термичка обработка. Суровиот мед се пакува и се продава.


Во моментот медот може да го купите од телефонскиот број 075450108, а во иднина ќе можете да го посетите и пчеларникот каде ќе може да дегустирате разни производи од мед и да си купите мед дирекно од кошниците.

Остави Коментар

Коментари

  • Ринка Синаковски

    25.03.2023 23:42

    Браво многу убав и ремен мед Само труд и клубови се се моџи Поздрав од Торонто сигурно би ве посетиле кога ќе дојдеме во Берово Роздрав Ринка Синаковски

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.