21.04.2022
Вила на Влаина планина каде никој нема околу вас
Вила на Влаина планина каде никој нема околу вас
Се почесто имаме сместувања на Влаина планина кои може да ги најдете на платформата на
Кајак.мк.
Драго ни е што нашиот тим успеа да убеди доста домаќини да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк и заедно да изградиме едно заедништво кое никој не би можел да го пробие.

Луѓето кои
патуваат преку Кајак и кои со нетрпение чекаат да споделиме ново скривалиште
кое досега не било видено никаде на друго место се луѓе кои веруваат во нашата
приказна.
Токму таквите патувачи се главниот пулс на платформата и поради нив дише идејата за развој на нова ера на туризмот.

Кога сме кај
новата ера на туризмот, многу важно е да успееме да откриеме што е можно повеќе
скривалишта во Македонија во кои можете да престојувате, да работите On-line,
да практикувате јога или можеби да
подготвувате добра храна.
Денеска ќе ве запознаеме со нашиот нов домаќин, Горан, кој ги отвори вратите од својата вила на 1100 метри надморска височина.

Влаина е идеална
за луѓето кои сакаат да побегнат во мир и тишина. Во околината на сместувањето
има патеки кои може да се користат за пешачење и велосипедизам, а на само 500
метри се наоѓа граничниот премин „Делчево“.
Вилата е опколена
со прекрасна борова шума, пространа тревна површина, овоштарник и насад со
лешници.
Звучи примамливо
за престојување, нели? Повеќе инфо, фотографии и контакт за резервација можете
да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.