26.11.2020

Како да ја посетите Грција од дома?

Како да ја посетите Грција од дома?

Кајак.мк започна со кампања наречена „Патувајте од дома“. Чекајќи да се отворат границите забораваме како е да се биде турист во Европа и низ целиот свет. Нашиот тим ви организира патувања низ многу земји кои важат за #топ туристички дестинации. 


Овојпат патувањата ќе бидат поразлични од досегашните и наместо да ги спакувате куферите, ние ќе се потрудиме да ги донесеме туристичките дестинации во вашиот дом. Воедно ќе ве изолираме од ширењето на Ковид-19, а ќе ви приредиме вистинско патувачко искуство.

Патувањата ги организираме во соработка со КликниЈади кои ќе се погрижат да ја достават храната која ние ќе ви ја препорачаме за едно одлично патување од дома.

Зошто баш „Кликни Јади“? Затоа што имаат секаков избор на храна, а храната е еден од главните симбили со кои се одликува една земја. Покрај тоа, доставата е бесконтактна и безбедна.

Денеска ќе патуваме во Грција. Скоро една година ја немаме посетено нашата соседна земја, па затоа добро е да се потсетиме на нејзините убавини. Но пред да започнеме со советите за како најдобро да ги запознаете со Грција, отворете www.kliknijadi.mk и погледнете ја грчката храна кои ти ви ја доставуваат до дома. Нарачки можете да направите и на: 02 3060 200


Што ви препорачуваме ние: Карпачо од октопод, Ѕаѕики, мезе од ракчиња, мезе од октопод, панирани морски плодови, лигњи на скара, грчка пилаки риба, лосос на скара, црно рижото од морски плодови и мастило од сипа како и фамозното гиро. Овие специјалитети но и многу други можете да ги погледнете во ресторанот Лангуста со еден клик ОВДЕ или пак во „Фаст уд гиро студио“ со еден клик ОВДЕ

Како може да ја запознаете уште подобро Грција?

1.ПРЕЗЕМЕТЕ ГРЧКА МУЗИКА ЗА ДОМАШНО УЖИВАЊЕ.

Додека сте во вашиот дом и ја очекувате храната, ние ви предлагаме да се запопзнаете со популарните грчки музички изведувачи. Доста од вас веќе слушнале за многу популарни зведувачи на денешницата. 

Нана Мускури е една од најпознатите грчки женски вокали во историјата. Со над 300 милиони продадени примероци на 12 различни јазици, се смета за една од најуспешните жени изведувачи на сите времиња.

Елена Папаризу меѓународно позната како Хелена Папаризу е грчко-шведска пејачка, честопати и текстописец и поранешен модел. Родена и одгледана во Шведска, таа ја започна нејзината кариера во 1999 година како члена на дуото Антика, а исто така и со тоа што работеше и како модел за Шведско-грчки бренд. 

Костас Мартакис е млад изведувач кој е популарен помеѓу младата публика во Грција. 

Слушнете „Zorba the Greek“- Сиртаки. Познатиот грчки танц. 

2. ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМОВИ KОИ РАСКАЖУВААТ ГРЧКИ ПРИКАЗНИ
Кога веќе ќе пристигне вашата храна од КликниЈади, започнува патувањето. Додека ја јадете, ние ви предлагаме да погледнете некој игран филм кој раскажува интересни животни приказни. Ова се нашите предлози:

1. Zorba the Greek
2. Suntan
3. Brides
4. Iphigenia
5. Apls

3.ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРКИ:
Грција можеби најдобро би ја запознале преку документарните филмови. Наши предлози е да погледнете што е можно повеќе документарни филмови поврзани со: Грчката митологија, храна, плажи, градови и острови...

Наши предлози се:

1. When Tomatoes met Wagner
2. Greek Gods
3. Zeus on the loose
4. Greek island od Syros (На Нетфликс)
5. Journey of the Greek food


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.