15.09.2020

Македонија има своја „Бела Виста“ која секој сака да ја посети

Македонија има своја „Бела Виста“ која секој сака да ја посети

За викенд патување единствениот туристички агрегат во државата „Кајак.мк“ ви го препорачува ресторанот  “Бела Виста” кој се наоѓа во село Беловиште – Тетовско, на патот кој води кон излетничкото место Петочко Водиче. Ресторанот располага со сопствен паркинг и со тревна површина. Станува збор за ресторанот кој плени со својата убавина и душа. Ресторанот “Бела Виста” е најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството и претставува и своевидeн ресторан – музеj.


Терасата на ресторанот има прекрасен поглед и гарантира уживање благодарение на природата и прекрасно жуборење на Беловишка река. Убав поглед на полошката котлина од каде доаѓа и називот на самиот ресторан “Бела Виста”.


Во пријатниот амбиент ќе се чуствувате опуштено и далеку од градската врева и во интимна атмосфера ќе уживате во специјалитетите од македонското поднебје. Оригиналните рецепти верни на традицијата се одлика на обилната и гурманска кујна, типична за овие простори. Вкусот на разните предјадења, главни јадења и специјалитети е единствен и неповторлив. 


Објекти кои може да се посетат во околината: 

Цркви
  • Црква „Св. Петка“ - Беловиште — црква во горниот дел на селото, кај Беловишките водопади;
  • Црква „Св. Богородица“ - Беловиште -изградена е во почетокот на XX век на местото каде дотогаш постоела мала истоимена црквичка. Оваа црква има најубав живопис од сите цркви во горни Полог. Зографи биле Гавро и Страте од Осој мијачко.
  • Црква „Св. Јован Крстител“ - Беловиште — црква во горниот дел на селото, кај Беловишките водопади.
Археолошки наоѓалишта
  • Градиште - утврдена населба од доцниантичкото време;
  • Поле — населба од доцниантичкото време;

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.