24.04.2023
Рајско сместување во Маврово со поглед кон милион зеленила
Рајско сместување во Маврово со поглед кон милион зеленила
Во базата на Кајак.мк ја додаваме „Villa Paradise“ која ни нуди фантастичен поглед кон мавровската зелена оаза. Вилата е идеална за престој во текот на цела година. За вљубениците во природата и пролетта, оваа вила ви гарантира прекрасен поглед додека го пиете вашето утринско кафе. Вилата има капацитет за 8 лица, што значи дека е идеална за фамилијарни патувања или пак за друштвени истражувања на Маврово и околината.

Домаќините на сместувањето велат дека може да се организираат и џип-сафари тури, а исто така имаат и сопствени пчеларници од каде произведуваат сопствен мед и производи од мед. За заинтересираните гости може да се организираат посети на пчеларникот, каде покрај дегустација на мед може да се организира и традиционален ручек приготвен од страна на домаќините кој изобилува со пецива, крофни, леб, домашни колачи и колачи по желба на гостинот.

Исто така, како
предлог од тимот се и туритe: Посета на пештерата Шаркова дупка, потопената црква Св. Никола, планинарење
на околните врвови, како и посета на селото Галичник.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација на вилата ќе најдете со еден
клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.