30.07.2021
Ги документирам планините кои ги посетувам на мој уникатен начин
Ги документирам планините кои ги посетувам на мој уникатен начин
Приказните на Кајак.мк за луѓето кои го чествуваат живото нема да запрат се додека не престанат да се раѓат нови локални херои кои го прават мали работи од огромно значење за развојот на туризмот. На нашата листа го додаваме Сашо Поповски, човек желен за планински авантури.
Сашо раскажува дека неговите авантури ги започнал уште кога имал 12 години, а се сеќава и на првиот ден кога заедно со неговите другари го посетиле планинарскиот дом Неолица. За првиот планински ден вели дека се чувствувале како да го освоиле Монт Еверест, а ова бил и главниот поттик да отпочне со активно планинарење. Тој вели дека активно со планинарење се занинава во последните 11 години, а дури може да се каже дека повеќето викенди од годината ги има поминато на планина, на велосипед или трчајќи.
Како матична планина си ја смета „Баба Планина“ или како
што ние знаеме да си ја наречеме Пелистер. Според него, ова планина е дом на секој
што живее во Битола, а причините се повеќе од јасни. Пелистер има разновидната конфигурација на теренот со што
може да понуди тури од најразличен
тип и тежина, било тоа да се пократки
или подолги прошетки низ боровата шума од селото Магарево до Копанки, Јоргов камен,
видиковецот под врвот Стив или подолгите рути до врвот Пелистер преку патеката по
камењарот, патеката по „болниците“, преку Широка, патеките до Пелистерските очи (Големо и Мало езеро)
преку Дебел рид и Сапунчица и ред други.
За Сашо Пелистер е идеална планина и за пократки
планински тренинг тури пред или по работа, а за викенди честопати знаат заедно
со друштвото да направат поголеми
планинарски кружни патеки тргнувајќи и враќајќи се пеш од дома до дома. Неколку
пати во годината, преку организирани маршеви или тури во помали групи одат и на многу други места и планини низ Македонија
и околината.
Како омилени места низ Македонија ги издвоја Кораб, Јабланица, велосипедски off-road тури на Бистра или низ Мариово, велосипедски тури од Битола до Охрид преку Галичица, како и кружната тура околу Охридското езеро.
Кога оди на планина, обично одбира тури кои може да се кондиционо предизвикувачки, меѓутоа технички да не се тешки и да не мора да се користи дополнителна планинарска опрема настрана од планинарски чевли и стапчиња, за да може да се ужива во глетките и звуците на природата, како и да може да се улови некоја добра фотографија или видео снимка. Ова го спојува со неговите други две хобија кои се поврзани со планинарењето и велосипедизмот, како што е фотографирањето и монтажа на видео материјали.
„Иако моите фотографии се далеку од професионални, сепак неколку од нив беа наградени на конкурси како Вики ја сака Земјата и ЕХО фестивалот на планински филм“, вели Сашо и додава дека монтирањето на кратки видео спотови со планински мотиви и музика во позадина му е уште едно омилено хоби. Снимките и монтажите се аматерски, но често наидуваат на позитивни реакции од луѓето кои што ги гледаат на facebook или youtube, што го мотивира и понатаму да ја носи со себе GoPro камерата.
Како успех ја истакнува видеомонтажата од Пелистер која преку ноќ стана хит,
а на која нашата единствена Евгенија (Зарина Првасевда) или билбилот од планина
ја пее токму песната Билбил пее во планина, а кој видео запис има 360 000 прегледи и над 2500 споделувања.
Неговите видео записи може да ги погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=hbvXgXgnq1k https://www.youtube.com/user/vidivideo410019,
Facebook профил: https://www.facebook.com/saso.poposki/
Vimeo канал: https://vimeo.com/user74189791
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.