02.03.2022

Две жени со свој таен рецепт за природен и квалитетен маџун

Две жени со свој таен рецепт за природен и квалитетен маџун

Маџунот можете да го нарачате ОВДЕ.

Регионот на Тиквеш е познат по доброто вино, ракијата, разните алкохолни пијалоци од грозје, но и по квалитетниот маџун.

Тимот на Кајак.мк разговараше со семејството Параџик, чие презиме стои на новиот вински бренд „Подрум Параџик“. Во оваа семејство ќе ги сретнете Маре и Николинка, снаа и свекрва кои со години се врзани за производството на природен маџун од гроздов сок.


За маџунот кој го произведуваат, тие велат дека засега е наменет за сопствени потреби и за блиски соработници и потесниот круг во фамилијата, но имаат амбиции истиот да биде достапен за поширока продажба.


Процесот на производство на маџун не е така едноставен, ако веќе имате за цел да направите производ кој што ќе биде квалитетен и препознатлив за купувачите треба да го подигнете производството на едно повисоко ниво, велат тие и додаваат дека за производство на маџун како потребно да имате квалитетно грозје што е помалку третирано со синтетички фунгициди, а се друго останато е тајна и занает кој се пече.


Процесот започнува со гмечење на грозјето, цедење на сокот од гроздовата каша и најважно е целиот процес да се одвива постепено, односно испарувањето на водата, концентрацијата на шеќерите и сите комплексни соединенија кои ги содржи гроздовиот сок да се одвиваат на пониска температура, за да не дојде до оксидација на шеќерите кои како такви не се полезни за човечкот организам.


Во „Подрум Параџик“ маџунот се прави од сортата „Вранец“.

Маџунот најчесто го бараат и купуваат луѓе коишто имаат проблеми со дишните органи, нарушена функција на хепар или инфекции на респираторниот систем. Исто така се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата. Како што велат од „Подрум Параџик“ засега производството нема комерцијален карактер, годинава се направени само пробни 50 до 60 литри со посебна технологија за потесниот круг од семејството, а еден дел е искористен за промоција. Но велат дека од оваа реколта која што доаѓа (2022) имаат цел да произведат поголема количина која ќе биде наменета за широка продажба.


Покрај природниот маџун, „Подрум Параџик“ произведува и продава вино. Одговорноста за виното ја презема Блаже Параџик кој е син на Маре, а сопруг на Николинка.


Блаже ни раскажува дека приказната за „Подрум Параџик“ датира одамна кога виното се произведувало за свои потреби. Иницијативата да отпочнат со производство на пијалоци била на неговиот татко Иво, за кој Блаже вели дека е главниот виновник за развојот на приказната.

Следејќи го сонот на негиовиот татко, Блаже дипломирал како енолог и ја презел целата работа околу производство на виното и контрола на квалитетот. Што се однесува до производството, ангажирани се сите во семејсвото, почнувајќи од неговите родители, сопругата, а понекогаш и блиските роднини.


Во винаријата покрај виното се произведувата и жолта ракија и вињак за кои се горди. Блаже вели дека се стремаат да ја подигнат винаријата на едно повисоко ниво. Цел им е да ја преместат винаријата каде што им се наоѓаат лозовите насади и да отворат соба за дегустација и прием на гости заедно со сместувачки капацитет.


Засега е задоволен од производството и вели дека секој кој е заинтересиран може да ги контактира преку социјалните мрежи и да ги посетат во винаријата каде ќе може да се запознаат со процесот на производство на секоја сорта на вино и да го дегустираат пред истото да го купат.


Нивните вина во моментов можете да ги најдете во специјализирани продавници за вино во Скопје, како и во центарот на Кавадарциво винотеката каде може да се дегустираат вина од тиквешниот регион произведени од мали семејни винарии.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија

Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.

Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk

Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.

5 скриени села во Македонија каде времето застанало

Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница

Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.

10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите

Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.