22.11.2023
Со години го обработувам македонскиот рубин: Највредното камче на Македонија (втор дел)
Со години го обработувам македонскиот рубин: Највредното камче на Македонија (втор дел)
Со порастот на македонската туристичка промоција, со откривањето на Македонија како нова непозната дестинација, работите започнаа да се менуваат на подобро. Улога во тоа имаат и социјалните мрежи, а значителен дел од клиентите на македонскиот рубин се и беа нашите иселеници кои инсистираат на накит со Македонски Рубин. На тоа се надоврзаа странците кои од ова патување сакаа да имаат нешто што не може да се најде на ниедна друга локација. Следуваше будење на интересот за веренички прстен со Македонски Рубин, подарок за јубилеј, благороден деловен или дипломатски подарок. Со тоа растев и јас и целиот свет околу мене. Цветот за Принцезата Рани од народот Хунзи (2008), Крстот за Папата Бенедикт 16 ти (2009), Крстот за Папата Франческо (2015), Крстот за рускиот Патријарх Кирил. Дерил Хана, Изабел Ипер и Жулие Бинош добија Приврзок со Македонски Рубин при нивното учество на Фестивалот Манаки во Битола.

Македонскиот Рубин се појави и како силен катализатор на процесот на ревитализација на занаетчиството, особено за спас на вековната традиција на изработка на сребрен филигран. Тоа дополнително ја зајакна неговата препознатливост, а многу нови млади и талентирани поединци си обезбедија целосна или делумна живеачка благодарение на нашето највредно камче.

Дизајнот се креираше и под влијание на традицијата, но и по сугестиите на клиентите. Новата генерација артисти внесе нов пристап кон дизајнот. Иако како постојан предизвик остана способноста за изработка на класични форми. Слично како во музиката: за да свириш класична музика потребно ти е многу повеќе работа на себе и вежбање. Но во рокенрол сферата, можеш да “се провлечеш“ и со три акорди и да живееш од нив…
Тоа што живеев 10 години во Италија ме научи дека треба да бидеме креативни, снаодливи и работливи. Треба да бидеме вредни занаетчии, угостители и производители на се и сешто.
Тимот на Кајак.мк му посакува на Деан едно огромно добредојде во нашиот свет. За оние коишто сакаат да го посетат дуќанот на Деко и бидат дел од неговата приказна, може да најдат повеќе информации со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.