06.07.2023

Хотел во село Зрновско, денешна Албанија е уникатна викенд дестинација

Хотел во село Зрновско, денешна Албанија е уникатна викенд дестинација

За сите авантуристи и љубители на активниот туризам и истражувањето на Преспанското езеро, тимот на Кајак.мк преку овој блог ќе ве запознае со уште едно уникатно сместување кое од денеска е дел од базата на приватни сместувања.


Станува збор за Хотел Ило којшто се наоѓа во соседна Албанија, поточно во село Зрновско. Изграден недалеку од брегот на Преспанското езеро, овој хотел е идеално сместување за љубителите на локалната гастрономија, за оние кои сакаат да ги истражуваат дивините на преспанскиот регион.


Селото се наоѓа во Мала Преспа на околу 865 метри надморска височина, а во него отсекогаш живеело македонско население.

Денеска, ова село нуди разновидни локални специјалитети од зеленчукот и овошјето кои растат во овој крај, но и разни специјалитети од риба која живее во преспанските води.

Хотелот Ило нуди прекрасен поглед кон езерото, а од самите сместувачки простории се гледа островот Голем Град. Самиот хотел има свој ресторан во кој можете да ги вкусите сите локални специјалитети.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.