17.06.2021

На свои 95 години дедо Милан со ист мелан го работи својот занает

На свои 95 години дедо Милан со ист мелан го работи својот занает

Занаетчиството е нешто што го држи во живот туризмот во Македонија. Ако сакате некој да ви ја раскаже традицијата и историјата на македонскиот народ тогаш зборувајте со туристички водич, а ако сакате да ја допрете традицијата и да ја почувстввате на дело, тогаш посетете некоја занаетчиска продавница.

Во Македонија се уште се негува занаетчиството. Досега раскажавме многу приказни на луѓе кои своите алати ги предаваат на помладите генерации се со цел да ја продолжат приказната онаму каде што застанала. Раскажавме доста приказни за млади луѓе кои се иднината на занаетчиството во Македонија, а кои нам ни се од особена важност, бидејќи тие ќе ја оддржуваат душата на туризмот во иднина.


Но, има денови кои ги посветуваме на луѓето кои ние ги нарекуваме цврски столбови на занаетчиството. Еден од тие е и дедо Милан од Охрид, кој сиот свој живот го посветил на изработка на врвни кожни производи.

Кого и да прашате во Охрид за дедо Милан, секој ќе ви каже дека го познава. Приказната нам ни ја раскажа Ристе Димитровски кој ни ги испрати овие три фотографии од дедо Милан и ни рече со еден збор дека тој е човекот кој го познаваат сите во градот. Дедо Милан е уште еден во низата локални херои на кои тимот на Кајак.мк им дава посебно значање.


Милан има 95 години и со ист елан како во својата младост изработува врвни кожни производи во својата работилница која се наоѓа во старата охридска чаршија. Во градот нема кој не го познава Милан и како што многумина велат, тој е вреден чувар на бесценетата вредност на охридското занаетчиство.

На полиците и ѕидовите во неговата работилница која сега наликува на оние во Фиренца, може да се видат разни изработки од кожа, рачно изработени влечки, чанти, колани (каиши) и сувенири.


Милан нив ги изработува внимателно и со љубов. Целиот живот го посветува на квалитетот и она што најмногу го сака е да им посвети доволно време на сите детали кои за него се најважни.

Во Охрид со децении постојат занаетчиски продавници чија глацна цел е да го зачуват културното наследство и да развиваат културен туризам и културни вредности. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.