15.10.2020

Погледнете какво сместување ви нуди Нижеполе

Погледнете какво сместување ви нуди Нижеполе

Нашите дечки денеска ве шетат низ Битола и околината. Како предлог за вас имаме сместувања во Битола и Ниже Поле. Без разлика дали ќе престојувате во градот или ќе престојувате на планина, најважно од се е да го посетите Пелистер. 

За тие коишто не знаат Нижеполе е мало планинско село оддалечено 12 км. од градот Битола. Тоа се наоѓа на работ од Националниот Парк Пелистер со 186 жители.

Како еко туристички сервер ви ја препорачуваме ова дестинација поради секогаш чистиот воздух, здравата клима и богатата разновидна вегетација, посебно боровата шума и ледничките езера кои придонесуваат Пелистер да претставува туристичка воздушна бања. 

Одржувајте го и подобрете го Вашето здравје преку престој во селото Ниже Поле. На една од прошетките низ околината на селото во изобилие Ви се нуди можност да се насладувате на даровите од недопрената природа: капинки, боровинки, малинки, шумски јагоди, шипки, печурки.

Наш предлог е вилата „View“ која се наоѓа на само 9,5 км од центарот на Битола. Вилата е на 1100 метри надморска височина и нуди прекрасен поглед кој гарантира релаксација и одмор.

Пространиот двор е погоден за играње забавни игри, спорт и рекреација за сите возрасти. 
Терасата води кон влезот на куќата која има дневна соба, кујна, две спални соби и една бања.

Кујната е целосно опремена со прибор за подготовка на храна. 
ТВ, Wi-Fi, вградена и електрична скара на отворено, маса за пинг понг, импровизирана лежалка и други знаменитости се апсолутно достапни за употреба.

Контакт за резервација на: 076 552 997


БАРАТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО БИТОЛА?

Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола



Остави Коментар

Коментари

  • Vesna Stankovikj

    09.05.2022 11:58

    Za 27 Maj do30 Maj.Za 4 ligje

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.