17.02.2020
Што му прави 10 дена одмор на море на вашето тело?
Што му прави 10 дена одмор на море на вашето тело?
#1 Морето ги содржи сите елементи важни за нашето здравје - натриум, магнезиум, калциум, калиум, сицилиум... Мораската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува дејствување на минералите и елементите во траги. Морето исто така, содржи и алги кои изобилуваат со минерални супстанци. Алгите го поттикнуваат обновувањето на ќелиите, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го јакнеат имунитетот, спречуваат воспаленија, ја чистат кожата и помагаат при отстранувањето на целулитот.
#2 Докажано е дека морската вода делува смирувачки на човечкиот организам. Затоа, одморот на море е идеална прилика да заборавите на секојдневните проблеми и да ги искористите максимално бенефитите на морето. Магнезиумот кој се содржи во морската вода во висок процент, делува мошне позитивно во борбата против стресот.
#3 Бањањето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои ги филтрираат и лачат штетните супстанци од организмот какви што се црниот дроб, бубрезите, кожата. Наталожените штетни материите се движат преку лимфата и крвта кон површината, а со тоа се олеснува процесот на прочистувањето. Морската вода го потпомага овој процес, така што прави измена на материјата и поттикнува чистење од штетните состојки не само на кожата, туку целиот организам.
#4 Морето и генерално, елементот вода отсекогаш се врзувале со креативноста и чувствата. Престојот во близина на вода може да ги поттикне нашите емоции, интуиција, имагинација и креативност.
#5 Морската сол има својство на антисептик и антихистамин поради што претставува лек за кожни алергиски реакции. Купките со морска сол помагаат при лечење и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и поволно им влијае на лицата кои боледуваат од астма.
#6 Сината боја и гледањето во далечина поволно влијае и на нашите очи. Ако работата ви е врзана за компјутер, летување на море значи и одмор за очи.
#7 Ако веќе организиравте одмор на море, потрудете се што повеќе да престојувате во вода која е чиста. Штом излезете од водата, не трчајте веднаш под туш со обична вода. Почекајте да се исушите на сонце, затоа што минералните соли од морската вода дезифинкуваат, чистат и ја зацрврстуваат вашата кожа, а мозолчињата и акните ги снемува за неколку дена.
#8 Една вежба во море има ист ефект како 12 вежби на тло. Морската вода има ефект на справа за вежбање, бидејќи создава отпор и максимално ги ангажира мускулите. Движејќи се низ водата, трошите седум калории во минута, ја стимулирате циркулацијата и ги зајакнувате ѕидовите на вените. Доколку сакате да се ослободите од целулитот, секојдневно пливајте или одете во вода што има ниво до градите и тоа најмалку 40 минути (20 минути наутро и 20 навечер)
#9 Морската сол е неверојатно богата со различни состојки - осумдесетина различни минерали, каробнати, сулфати, а присутни се и калциум, калиум, број, натириум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор... Токму поради таквиот, богат, состав, морската вода делува благотворно на кожата и помага при дерматитис, псоријаза и екцеми.
#10 Со сончањето не добиваме само потемен тен, тука и убаво количество витамин Д, кој на нашиот организам и тоа како му е потребен. Тој игра клучна улога во спречување на бројни болести. Но, за да добиете витамин Д, не значи дека треба да се сончате по најголемата жештина. Претпладнето и попладневните часови се идеални за оваа активност. Исто така, обрнете внимание на кремите за сончање, тие ја спречуваат способноста кожата да создава витамин Д.
фото извор: Pinterest.com;
Текст извор: https://fashionel.mk/ubavina/shto-mu-pravi-10-dena-odmor-na-more-na-vasheto-telo
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк
На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој
Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува
Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк
Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.