30.10.2020
Предлог дестинација за активен викенд: Кањонот Камник
Предлог дестинација за активен викенд: Кањонот Камник
Без разлика на годишното време, активиот викенд треба да биде постојана преокупација. Кајак.мк ви дава предлог „Кањонот Камник“ да биде дел од вашата листа на места кои треба да ги посетите. Кањонот се наоѓа во северозападното подножје на Плачковица, 9 километри од Штип и 5 километри од селото Радање во општината Карбинци.
Камник е релативно мал и плиток кањон, кој може да го посетите во текот на цела година, освен денови кога врне или вее снег и температурите се минус.
Како да стигнете до кањонот?
Кањонот се наоѓа во околината на село Радање. До село Радање се оди со моторно возило по асфалтиран пат, а од селото се продолжува пеш низ долината на Радањска Река. Под селото Голем Габер се доаѓа до вливот на Кошевска Река во Радањска, а Камник е околу 300 метри од вливот.

На кањонот има две патеки. Едната е потешка а другата полесна. Полесната патека е на околу 40 метри над дното. Долга е од 12 до 15 километри и околу 6 часа пешачење со умерено темпо. Наш совет е доколку го посетите кањонот, да бидете запознаени дали претходните два дена имало дожд долж течението поради лизгавите карпи.

Воедно наш совет е да го посетите и селото Кошево, каде непосредно се наоѓа и Тополничкото езеро, а каде ќе бидете импресионирани од традиционалниот начин на живеење на луѓето во околните села.
Фотографиите и инспирацијата за викенд дестинација се од @instadekogram, авантурист кој го користи своето слободно време за активен одмор.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.