13.05.2022

Апартмани во Љубаништа со фасцинантен поглед кон езерото

Апартмани во Љубаништа со фасцинантен поглед кон езерото

Станувате наутро од кревет и со едното око ѕиркате кон прозорот и забележувате дека Охридското езеро ви е само на неколку чекори од вашата соба. Токму такво сместување од денеска е дел од базата на Кајак.мк и токму овие апартмани можете да ги резервирате со само еден клик ОВДЕ.


Домаќините кои ги отворија вратите од сопствените апартмани за светот на Кајак.мк велат дека гостите кои доаѓале да престојуваат кај нив, тоа го правеле од повеќе причини.

Пред се фактот дека не може да се спореди Љубаништа го метежот на дел од регионите на Охрид, а после се поради фактот дека Љубаништа е сведок на средбата помеѓу Галичица и Охридското езеро.


Да не речеме дека овде планината и езерото се гушкаат и создаваат една поинаква хармонија која многумина ја нарекуваат спокој.

Доста не радува фактот што домаќините се доста вложени во развој на туризмот во овој крај. Нивниот Yanka ранч кој е веќе дел од нашата база е атракција повеќе која ќе ви го купи слободното време, а покрај коњите овде се и новите АТВ возила за секој кој е заљубен во адреналинскиот туризам.

Како јаготка на шлагот, за нашите патувачи кои не поаѓаат на патување без својот миленик, треба да знаат дека сместувањето дозволува влез на домашни миленичиња, а отсега е и во нашата нова категорија „Патувајте со Лео“ каде ги имате на куп сите PET FRIENDLY сместувања.


Сигурно сте љубопитни за повеќе информации за апартманите Ристески? Доколку сакате контакт за резервација, ценовник или повеќе фотографии тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Sonja

    17.05.2022 01:51

    Dali ima 2 app za 10-12 juni i kolku cinat?

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.