04.12.2020

Кога веслав на Матка среде зима, имав чувство како да сум во некоја бајка

Кога веслав на Матка среде зима, имав чувство како да сум во некоја бајка

Луѓето кои живеат за адреналин не ги спречува годишното време за да го практикуваат своето хоби во кое се заљубени. Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по луѓе кои се вистински мотиватори за младите идни генерации, а воедно се и оние кои ќе го трансформираат туризмот во 2021-вата година. 


Запознајте го Дамјан Петрески од „Paddle Klub Skopje“ кој е еден од повеќето во својот тим кој е заљубен во водените спортови. Дамјан вели дека кајакарството и веслањето на SUP даска не е само спортување туку воедно и изучување на природата. Со вакви еколошки справи вие можете да посетите доста пештери и езерски предели кои со пливање се недостапни или пак ви треба доста време. 

Веслањето на SUP даска е доста популарно во летните денови, но во зимски успови не е препорачано. Дамјан вели дека студената вода треба да биде вашата најголема грижа за веслање во зимски денови. Не се исклучува и ветерото доколку го има, а и движењето на водата. 

Веслањето во зима не може да се спреди со тоа во лето, но и обранто. Зимата си има своја убавина. 

Фотографиите коишто ги гледате се направени на езерото Матка во текот на минатата година. Дамјан вели дека овде веслаат со добра заштитна водоотпорна облека, само многу е специфичен теренот додека паќа снег. 

За него ова е снежна маѓија. Да посетите некоја пештера на Матка, а потоа да се напиете топол чај. Додека веслате по Матка ги гледате снегулките како паѓаат и како ги снемува при контакт со водата, а околу вас е се бело. Ова им дало чуство како да се на некое магично место, дел од некоја детска бајка. 

Нивната веслачка сезона е од април до октомври, што во зимскиот период им овозможува да направат некоја поинаква зимска авантура. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.