26.04.2024
Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро
Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро
Тимот на Кајак.мк денеска ве води во близина на Елшани, каде веднаш над автокампот Елешец и обграден со заштитената убавина на Националниот парк Галичица, се наоѓа уште еден комплекс бунгалови и апартмани кои од денеска се достапни во базата на Кајак.мк.
| Апартманите можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби. Секој апартман има своја кујна, купатило, бесплатен интернет, ТВ, и сопствен балкон, овозможувајќи ви да уживате во приватноста и удобноста на вашиот простор.

За оние кои сакаат да се дружат, терасата на комплексот ви нуди можност да уживате во пијалоци, сладолед и лесни ужинки додека гледате кон впечатливите пејзажи кои ја опкружуваат оваа идилична локација. Без разлика дали сте љубител на вода или планина, оваа локација е совршеното место за секого. Од тука може да излезете на пешачење, трчање или велосипедизам по разгранетата мрежа од локални патишта.

Културните и историски атракции како Заливот на коските се
само на кратко возење. Важно е да споменеме дека Карали е место каде домашните
миленици се исто така добредојдени. Вашите миленичиња можат слободно да уживаат
во вашето друштво без дополнителна грижа.
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, информации
како и да испратите барање за он-лајн резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.